Способна да го Соочувам Животот

woman elated
(Слика од Fuu J/Unsplash.com)
 

Бев личност која беше водена од емоции, а разум никако не вклучував. Делував на начин што мислев дека е добар, а не правилен. Не успевав да се соочам со себе ни со другите, бегав на секаков можен начин. Вечно нервозна, вознемирена и несигурна.

За време на Објективите ми се отворија очите за себе, за работите што баш и не сакав да ги прифатам. Сфатив дека ги искористував луѓето околу мене, дека бев вечито незадоволна од тоа колку имам и колку ми даваат. Сега тоа што го имам ми е доволно и се учам да го ценам, вежбам за да не земам од луѓето. Сфатив дека не сум само јас на овој свет и дека треба да се има обзир за сите. Сфатив дека се мешав во сѐ и сешто, од комуникација помеѓу двајца до работа што некој си ја брка, а мислев дека така помагам. Сфатив дека секогаш брзав и не мислев што правам, само лутав безцелно. Сфатив дека и луѓето ги гледав како предмети, гледајќи го само тоа што сакам да го видам. Носев маска константно бидејќи мислев дека јас како јас не сум доволна. Несигурноста и чувството дека сум неспособна ги прикривав со екстремизам и материјализам.

„Сега знам дека сум способна да го соочувам животот, дека можам да постигнам еден здрав живот без дрога и без алкохол, насочувајќи го вниманието кон себе, без брзање, разумно и смирено.“

Сега знам дека сум способна да го соочувам животот, дека можам да постигнам еден здрав живот без дрога и без алкохол, насочувајќи го вниманието кон себе, без брзање, разумно и смирено. И моето најголемо достигнување е тоа што не се откажав кога ми беше најтешко. Имав големи очекувања од другите и мораше да исполнуваат стандарди што и јас не ги достигнував. Не им ги простував грешките ни на другите, ни себеси. Несвесно чекав да згрешат за да имам причина да не се приврзам, да не ги пуштам блиску, кукавички штитејќи се. На тој начин и себеси се сметав за најдобра, а сите други многу долу од мене. Научив да се ценам себеси со сите мани и доблести, а исто и другите.

Студент на Нарконон Балкан - М.К.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА