Бупренорфин – лек или болест?

Buprenorphine

Бупренорфин е опоиден лек чијшто механизам на дејство се заснова на активација на опоидните µ рецептори на нервните клетки. Лекот има долг полуживот на елиминација и претставува долгоделувачки лек. Полуживотот на елиминација на бупренорфин може да варира од 24-60 часа.

Бупренорфин, како парцијален агонист не врши активација на опоидните рецептори во ист степен како метадонот. Бупренорфин го достигнува својот ефект на сатурација при умерена доза, што значи дека по достигнување на нивото на сатурација, не се зголемува одговорот со зголемување на дозата.

Бупренорфинот, како и метадонот, има висок потенцијал за лек-лек интеракции. Потребна е голема претпазливост при истовремена употреба со други лекови, како бензодиазепини, други седативи, опоидни антагонисти како налтрексон и опоидни агонисти. Како и другите опоиди, бупренорфинот може да предизвика респираторна депресија и еуфорија, но неговите максимални ефекти се помали од оние на целосните агонисти.

Несакани ефекти на бупренорфин

Несаканите ефекти на бупренорфин се слични на оние на хероин. Тие вклучуваат:

  • слаба меморија,
  • неможност да се справат со сопствените емоции,
  • губење на интерес за секс,
  • абнормални реакции на стрес.
Addiction

Ако престанете да земате бупренорфин, симптоми се многу слични на оние на од хероин. Може да се појави:

  • гадење,
  • повраќање,
  • главоболки,
  • болки во мускулите,
  • несоница,
  • летаргија,
  • треска,
  • ежење,
  • потешкотии во концентрирањето,
  • желба за повеќе опиоиди.

Бупренорфин таблети наводно произведени за cправување зависност од опијати, лично јас ги гледав како замена за дрога поточно хероин или метатдон или по евтино решение за дрогирање бидејки метадонтот е со посилно дејство од хероинот а бупренорфин со посилно дејство од метадонот и ја задовлува потребата за хероин и било какви опијатни дроги. По три и пол годишното користење хероин и понекогаш метадон, телото почна да ми бара поголеми количини и зато морав да барам начин како да го справам тој проблем .Еден мој другар ми рече дека пробал бупренорфин и дека од многу малку се откачил многу и дека го има скоро истото дејство како на било кој друг опијат, истата вечер заедно со истиот другар пробав и јас бупренорфин. Наредниот ден станав без кризи, сеуште бев под дејство на бупренорфин, и од тогаш почнав да го вметнуивам во моето секоедневије.

Addiction

Од кога почнав да го конзумирам најпрво како зависник бев задоволен од бупренорфин, по пола година користење почнав да осеќам затупеност, дупки во секавањата, никакви чуства, се осеќав буквално како програмирана машина која работи на бупренорфин, никакви идеи, желби, заборавив дека сум дел од фамилија, дел од општеството. Едноставно кажано заборавив како функционира животот.

“Јас си го спасив животот во Нарконон балкан, откако си го исчистив телото и умот од дроги видов до детал каква голема штета ми има нанесено бупренорфинот и сите други дроги кој ги користев, бев најголем уживател на дроги, алкохол и коцка, сега нив ги гледам како најголемо зло.”

Јас си го спасив животот во Нарконон балкан, откако си го исчистив телото и умот од дроги видов до детал каква голема штета ми има нанесено бупренорфинот и сите други дроги кој ги користев, бев најголем уживател на дроги, алкохол и коцка, сега нив ги гледам како најголемо зло.

Студент од Нарконон—Балкан Р.Ј.


Извор:

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА