Една таблета може да биде фатална – Предозирање од Бупренорфин

Откако 17 годишно девојче беше пронајдено мртво пред нејзиниот дом првите резултати од истрагата покажаа дека тинејџерката се предозирала од голема количина бупренорфин, повторно е отворено прашањето за опасностите од лекот. Експертите велат дека и покрај тоа што се користи како третман, злоупотребата многу лесно може да биде фатална.
Распространетата употреба на „бупренорфин“ за злоупотреба на лекот што инаку се користи за време на третман со хероин, не е невообичаена на нашите простори, а младите луѓе со помош на апчињата лесно можат да постигнат чувство на интоксикација слична на онаа што ја произведува хероинот.
„’Бупренорфин’ е лек кој се користи во третманот на зависност од хероин, бидејќи тој практично е замена и ги блокира рецепторите на кои делува хероинот. Сепак, проблемот со оваа дрога, но и со секоја потенцијално опасна супстанција е во тоа што многу пациенти ја злоупотребуваат“
– „Бупренорфин“ е лек кој се користи во третманот на зависност од хероин, бидејќи тој практично е замена и ги блокира рецепторите на кои делува хероинот. Сепак, проблемот со оваа дрога, но и со секоја потенцијално опасна супстанција е во тоа што многу пациенти ја злоупотребуваат – ја започнува приказната д-р Младеновиќ.

– Голем проблем е што достапноста на овие лекови е енормно голема и е поприфатлива за младите луѓе да издвојат неколку стотици дeнари за бупренорфин од неколку илјади за хероин. Исто така, тие се во искушение од фактот дека земањето на поголема доза постигнува некои ефекти слични на оние што ги дава хероин. За жал, честопати е случај на пациентот да му се пропише доза, а кога за прв пат ќе ги почувствува придобивките од лекот, тој сам ја подигнува дозата и потоа доаѓа до смртоносен исход - објаснува д-р Младеновиќ.
Без разлика дали се конзумира со шмркање или се вбризгува со игла, мала доза на овој лек може да биде смртоносна.
– Индивидуално е колкава доза би била фатална за секого, но во најголема опасност се тие кои пробуваат, односно оние кои штотуку започнале да користат одредена супстанција. Доза од неколку апчиња за нив може да биде фатална, за разлика од луѓето кои се навикнати на тоа. Поради своето влијание врз централниот нервен систем, секој човек има своја доза и не може да се даде универзален одговор - вели докторот.