Човек кој што придонесува во општеството

општество нарконон балкан член

Еднаш во времето бев добар граѓанин во ова општество. Човек кој не конзумира дроги, човек кој придонесува за општеството, кој ги почитува законите, кој се грижи за луѓето околу него и бев социјална личност на која и беше важен напредокот кај себе и кај другите.

Бев против дрогите, не конзумирав ни цигари, но случајно еден мој пријател ми понуди дрога - амфетамин. Во мојата преокупираност со работата и обврските што ги имав направив компромис и земав, по што продолжив да земам од време на време несвесен за она што ме очекува. Полека но сигурно почнав да станувам дел од друштва кои не ги почитуваа законите, кои правеа деструктивни работи кој го намалуваат прогресот - опстанокот на општеството. Се соочив со многу тешки моменти додека конзумирав дрога.

„Сега се гледам повторно како човек кој сака да прави мостови за поврзување на луѓето а не да разрушува, човек кој што придонесува во општеството.“

Кога дојдов во Нарконон при изучувањето на курсевите се стекнав со многу корисни алатки кои ми ја вратија самодовербата, станав посвесен за деструктивните акции што сум ги правел предходно, за она каков сум навистина и каков придонес сега можам да дадам во општеството. Ми се врати интегритетот, ја вратив комуникацијата со семејството и пријателите на едно многу повисоко ниво, добив многу нови идеи како да помогнам и како да допринесам за општеството преку работата што ја работам, едноставно ми го смени погледот на животот. Ми ги отвори очите да можам да ги видам работите какви што се, a не како што ги замислував дека се. Сега се гледам повторно како човек кој сака да прави мостови за поврзување на луѓето а не да разрушува, човек кој што придонесува во општеството.

Студент на Нарконон Балкан - Ј.З

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА