Помош во Општеството

Help in society Narconon Balkan

Во периодот кога користев дроги, зборот „ПОМОШ“ немаше никакво значење во мојот универзум, гледав на тоа како некој услуга да ми бара и треба да ми се возврати за тоа. Помошта или услугата според мене која беше побарана дали од моите родители или од некој од општеството беше сосема мала во споредба со мојата, во која барав пари и од едните и од другите.

И така за секоја побарана (по мое) услуга јас почнав да гледам се низ призма за пари, а реално би било да помогнам на било кој од општеството без да барам нешто за возврат бидејќи тоа е единствениот начин за ние кои заспиваме и се будиме во исти град или држава и не грее истото сонце, да можиме да успеваме и победуваме во животот и во нашите цели и како единки и како масовна група.

Во текот на дрогирањето попатно изгубив желба да помагам бидејќи сакал или нејќел луѓето веќе ме запознаја дека јас помагам ама само со возврат од пари или нешто вредно, а дрогата не разликува дали е родител, некој близок или било кој од општеството. Крајниот резултат или последицата беше да не ги познавам законите и да си ги прекршувам онака како јас што сакам и кога ќе посакам. Почнав да ги поддржувам криминалците целосно во нивните акции и идеи кои немаат допирна точка со реалноста, а јас па уште помалце реалност кон светот како функционира, дека човек треба да работи за да има пари, па да поседува работи за опстанок во животот.
„Подобро го разбирам како функционира светот и со самото тоа поривот за помош ми се врати.“

Сега во овој момент, во овој живот без дроги. Со едуцирањето на мојот ум и внесувањето на етиката погледот кон општеството го сменив. Подобро го разбирам како функционира светот и со самото тоа поривот за помош ми се врати. Сега сум волен да помагам на оние на кои им е потребна помош и гледам само тоа што треба да се направи, без да гледам што ќе му земам или ќе му побарам подоцна. Кога го правам тоа универзумот како да ме наградува со убаво чувство, задоволство и исполнетост. Верувам дека тоа што даваш или правиш тоа и ќе ти се врати, доброто со добро а лошото со лошо.

Студент на Нарконон Балкан - Н.М.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА