Цврста одлука за промена

Кога ќе ме побараја за некоја кражба одев поради тоа што сакав, мислев дека е правилно да му докажувам на некого дека не сум слаб и дека можам сè да направам. Работејќи ја оваа објектив вежба го сфатив и научив баш спротивното. Не треба пред никого да се докажувам, можам и сакам да се натпреварувам само со себеси.
Сфатив дека кога се наоѓам во некоја добра состојба уживам во неа и ништо не може да ме исфрли од неа. Разбрав дека растам духовно во себеси, со позитивни работи и со надградба на мојот разум, мојата свест и тоа го користам до максимум. Пак сум дете кое има чиста душа и кое сака да знае сè.
“Свесно и со насмевка влегувам во темицата за да го најдам прекидачот и да запалам ново светло во мојот живот.”
Секој ден поминат тука сè повеќе и повеќе ја зацврстувам својата одлука за тоа што дојдов и сум сè посигурен за тоа дека го направив вистинскиот чекор за мене. Свесно и со насмевка влегувам во темицата за да го најдам прекидачот и да запалам ново светло во мојот живот. Духот ми е оптегнат на песок со рацете зад глава и ми вели фала за сè што правам за него.
Студент на Нарконон Балкан – Ѓ.Ч.