Почуствував колку е поубав животот без дрога

Од самиот почеток не можев веднаш да се вклопам со народот. Со помош на објективите почнав да бидам активен, комуникативен, енергичен, да можам да се грижам за другите исто како што тие се грижеле за мене. Од објективите сум презадоволен и супер се чуствувам од моите победи и сознанија за својот живот.

Слика од www.pexels.com

Почуствував колку е поубав животот без дрога во кој можеш многу подобро и постабилно да размислуваш за разлика од предходно. На почетокот си велев во себе што се објективите и каква ли корист би имал јас од нив, но потоа ја сватив нивната цел. Благодарение на нив конечно исчезнаа сите мои мисли кои беа заглавени во минатото и почнав да бидам многу повеќе во сегашноста. Порано живеев лош живот и увидов дека ништо не ми донесе тоа, освен нервоза кај себе и своите блиски. Исто така бев личност која беше премногу повлечена во себе. Бев премногу тврдоглав и неможев никако да се соочам доколку некој ме корегира но повеќе не е така. Сега размислувам и осознавам како да живеам поубав и поисполнет живот. Сега сум една стабилна личност која доби надеж за животот. Се чуствувам како повторно да сум се родил.

Ј.Н. - Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА