Дознав кои се моите лични вредности

Young man looking at the sky

Во текот на Нарконон програмата со помош на едукацијата од курсевите, степенот на свесност и разумност ми е на максимум, и од таа гледна точка можам да резимирам во какви групи сум бил, сум во моментов и во какви ќе бидам во иднина.

Пред да дојдам во Нарконон бидејќи ги немав алатките потребни за анализа на личности, бев дел од деструктивни групи кои се окупирани со штетни акции, а се спротивни на основата на човековото однесување и со кои се намалува општото добро на групата во која што припаѓав како интерна - семејство и сексуални партнери, а така и екстерна - пријатели, колеги, другари и општеството во глобала.

Во Нарконон програмата наидов на група која има разбирање кон секој нејзин член, група која има една заедничка цел сите членови да бидат, а и да останат DRUG-FREE, група која е позитивна, отворена, искрена, етична и која работи за секој нејзин член и за неговото постоење да биде на максимално ниво. Се до курсот Надминување на нестабилноста во животот не ми беше сватливо како тоа е можно, каде што заклучив дека членовите на Нарконон програмата и групата се всушност социјални личности кои се радуваат на победите на учесниците, како и на свои лични победи и даваат потврди на истите, ги споделуваат без притоа да додаваат било што кое би било од деструктивна природа.

Со едукацијата од курсот Лични Вредности всушност донесов заклучок дека сум дел од група која работи за општото добро на нејзите членови преку конструктивни акции кои се базирани и се темелат на долгорочна основа.

За крај откако ги искусив на своја лична кожа сите победи и придобивки од конструктивноста на Нарконон групата, ќе продолжам да опстојувам во DRUG-FREE група, конструктивно ќе се однесувам и ќе придонесам за општото добро на секој нејзин член, затоа што сега знам кои се моите лични вредности и истите можам успешно да ги применувам.

Р.Х.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА