Тајната на Опстанокот – Лични Вредности

Лични Вредности
(Слика од piola666/iStockPhoto.com)
 

Лични Вредности

Вашата иднина целосно зависи од способноста да правите вистински избори. Но што е исправно? Како можете да го одредувате ова за себе, во било каква ситуација? Овој курс ќе ви помогне да ги воспоставите темелите и ќе ве снабди со податоци за донесување одлуки за да можете да имате самодоверба дека ќе го направите вистинското нешто, за што и да е, а се однесува на вас.


Преку работењето на овој дел од програмата дојдов до заклучок на многу битни нешта кои влијаеле на мене и со тоа не ми дозволувале да напредувам во различни области, а и од друга страна да изгледам многу полошо и да не се претставувам во целосно светло кој сум и каков сум вистинскиот јас. Ги увидов аномалиите кои ги имам во мене и алатките кои ги употребувам за некоја моментална ситуација која не ми носи ништо добро на подолг период.

Но сега сите тие нешта ќе ги оставам а во прв план и употреба ќе ги ставам моите доблести и способности кои вистински ги носам во себе и ги ценам, кои навистина ме одликуваат каков човек сум јас и со тоа да си докажам себе а и на околината една стабилност, конструктивност, доверба, почитување и добри намери за целокупниот напредок.

Студент на Нарконон Балан – А.И.


Со работењето на оваа практична задача увидов дека поубаво е да ги почитуваш законите отколку да живееш во страв дали и кога ќе те фатат, бидејќи на секое зло му доаѓа крајот, иаоко успеало да завладее во општеството. Осеќам како секој поглед кон општеството ми е сменет, не осеќам страв од минатото, полицијата, деструктивните групи, не осеќам веќе лошо чувство во себе и злобна намера кон никого, гледам да помогнам конструктивно во се што можам и да оставам добар пример за општеството, за најголемо добро на секој се трудам да придонесувам, го забележав тоа овие неколку дена и стварно ја сфатив смислата на среќата.

Стварно јас како ќе одлучам така ќе ми биде, од мојата акција ќе имам таква последица каква што е акцијата. Се осеќам спокојно и сум сигурна во себе дека конечно почнуваат да ми се местат коцките во животот така како што сакам и како што дејствувам. Главата ми е бистра, мирно спијам, не се будам по 1000 пати во ноќ преплашена и во конфузија.

Секој човек му е потребен на општеството да придонесува конструктивно за најдобро да опстане, да дејствува за најголемото добро за сегашните и за идните генерации во општеството. Времето поминато во Нарконон ми е квалитетно поминато време и осеќам огромна разлика во себеси поради тоа.

Студент на Нарконон Балкан – Т.З.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА