Дознав што значи СРЕЌА

Дознав што значи СРЕЌА

Kога дојдов тука, во Нарконон, бев лице заглавено во светот на дрогата, очајот и темнината. Лице кое очајно сака да излезе од тој ужасен свет. Ја имав изгубено волјата за живот. Не знаев како е да се биде среќен. Не знаев ни што е тоа Среќа. Не знаев да бидам весел и не постоеше нешто што би ме направило среќен. Тука дојдов за да се ослободам од мојата долгогодишна зависност, но дојдов со трошка сомнеж—дека навистина ќе биде успешно. Си мислев дека не е возможно да постои решение за мојот проблем. Но сепак се одлучив да почнам со Нарконон Програмата.

Во првиот дел кризите ги поминав многу лесно, дури и полесно од очекуваното. Ги гледав другите Студенти весели, среќни и се прашував дали и јас ќе бидам таков како нив.

Кога почнав со делот Детоксикација не знаев што да очекувам, иако сите кажуваа дека тоа чувство што се доживува во текот на Детоксикацијата не може да се опише со зборови. Така и беше. Како што го чистев телото почнав да ги чувствувам подобрувањата. Се чувствував како да се будам повторно. Почна да ми се зголемува енергијата. Почнав да ја чувствувам храната што ја јадам, почнав да ги чувствувам мирисите околу мене. Се ми беше некако нереално, но во исто време прекрасно се чувствував.

Кога почнав со следниот дел, со вежбите, ми беше навистина возбудливо; тоа беа вежби кои на моменти знаеја да ме насмеат, да ме изнервираат, но секогаш кога ќе завршев успешно некоја вежба бев многу среќен бидејќи сум направил нешто сам. Во тие моменти се чувствував прекрасно.

Со тие вежби научив повторно да комуницирам, нешто што го имав заборавено; научив да се контролирам—нешто што не знаев искрено што значи.

Научив како да учам, како да ги разбирам работите, да ги решавам проблемите.

Следниот дел од Нарконон Програмата беше воодушевувачки. Необјаснив со зборови.

Со овие вежби ми се отворија очите, како прв пат да прогледувам. Станав најсреќниот човек. Не ми се веруваше—ЈАС СРЕЌЕН.

Почнаа мали работи да ми причинуваат големо задоволство, сакав и другите луѓе околу мене да ги правам среќни.

Станав среќен што живеам. Тоа сум јас—Човек кој ја изгубил волјата за живот сега е среќен човек.

М.Ц.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА