Дрога и алкохол… Зошто?

Никој не сака да биде зависник или алкохоличар, но тоа не ги спречува многумина да станат. Најчестото прашање е едноставно – како воопшто тоа можеше да се случи? Како мојот син, мојата ќерка, мојот татко, мојата сестра или брат станаа лажговци, крадци, личност во која не може да се има доверба? Како такво нешто можеше да се случи? И зошто не успеваат да престанат со тоа?

Narconon Balkan

Што ја причинува зависноста?

Првата работа која мораме да ја знаеме за зависноста е дека како дрогата така и алкохолот по својот состав се анестетици. Ја блокираат болката, како физичката така и емоционалната. Овие работи ја прават личноста неосетлива и зашеметена. Но, пред дрогата да успее да го привлече вниманието на една личност мора да постои едно чуство на незадоволство или вистински физички болки во животот на таа личност.

Затворениот круг на зависноста

Зависноста е предизвикана од еден затворен круг. Личноста има проблем од било кој вид, чуство на незадоволство, очај или физичка неудобност. Може да се работи за првата несреќна љубов на еден адолесцент, за некоја баба да има болка во нозете или некој млад човек на почетокот на својата кариера тоа може да биде една серија на неуспеси на работата. Може да му се случи на секој без оглед на годините.

Дрогата и проблемите

Личноста почнува да пие или пробува некој вид на дрога. Алкохолот и дрогата и даваат привидно чувство дека ги решила проблемите. Се чувствува “подобро“ бидејки и се чини дека е “поспособна“ да се соочи со животот. Сега за неа или него дрогата станува најдрагоцена.

Narconon Balkan
(Слика од Phongphao Arkatsupha/Shutterstock.com)

Како се развива зависноста

Личноста која започнала со конзумирање на некој одреден вид на дрога, постепено ја зголемува количината. Сега е во стапица. Проблемот кој пробуваше да го реши пиејќи или конзумирајќи дрога сега исчезнува од неговата меморија. Во овој момент се на што успева да мисли е дрогата и како да ја набави. Контролата која што ја имаше врз конзумирањето на дрогата сега полека ја губи и едноставо одбива да размислува за трагичните последици од своите постапки.

Како дрогата влијае врз однесувањето

Сега кога личноста е зависна, пробува да го прикрие овој факт од своето семејство и пријатели. Почнува да пати поради својата нечесност и чувство на вина. Може да се изолира и може да стане многу тешко да се разговара со неа. Може да почне да се однесува многу чудно. Што повеќе пие или конзумира дрога личноста има се поголемо чувство на вина и станува депресивна. Го жртвува својот личен интегритет и најверојатно ќе почне да краде за да може да ја плати дрогата или алкохолот. Се распаѓаат односите со семејството и пријателите.

Толеранција на алкохол и дрога

Сега дрогата стана најважната и најдрагоцената работа во животот на личноста. Ја остава својата работа, својата заштеда, своите соништа и амбиции. Само за да го задржи дејството на дрогите и алкохолот над своите емоции и болки, што едно време и успеваше. Жалната иронија е дека способноста на личноста за да се “оттргне“ со помош на дрогите и алкохолот се повеќе се смалува со тоа што организмот се повеке се навикнува на присутноста на овие штетни супстанции. Сега мора што повеќе да конзумира од овие штетни супстанции за да “опстане“. Што повеќе дрога користи, со тоа се повеќе се зголемува толеранцијата на нејзината присутност. Во овој момент се појавува неодолива желба за дрога кај новиот зависник. Се јавува еден опсесивен нагон за набавување и уживање на дрога и е спремен да стори било што за да ги избегне болките причинети од недостатокот на дрога. Тоа се неподносливи симптоми на криза.

ВО ОВОЈ МОМЕНТ ЛИЧНОСТА ЈА ПРЕЧЕКОРУВА НЕВИДЛИВАТА ЦРТА И СТАНУВА ЗАВИСНИК.

Narconon Balkan

Дрога и депресија

Штом личноста продолжува со конзумирање на алкохол или дрога, станува се поодалечена од другите. Сега во животот на личноста се јавуваат непрекинати подеми и падови, кои можат да причинат дури и ментални последици. Личноста може да изгледа многу енергично кога е под дејство на дроги, но штом нејзиното дејство ќе исчезне личноста станува летаргична и депресивна. Може да влезе во еден облик на депресија причинета од дрогата и во тој момент влегува во еден затворен круг која што ја влече личноста подолу и подолу.

Сега има и проблем како да најде пари за да дојде до дрога и со нејзината употреба да изгледа “нормално“ во очите на пријателите и семејството. Без оглед дали посакува да престане со земањето дрога или не, личноста сега е во стапица. Во овој момент дрогата ја променува целосно личноста физички и ментално .

Личноста зависна од дрога не успева да прекине со нејзината употреба поради две причини:

  • Неодолива желба за дрога која не може да се контролира причината од токсичните супстанции;
  • Промена на однесувањето причинета од стилот на живеење како зависник

Ако вие или некој што го познавате страда од зависност од дрога, контактирајте го Narconon Balkan. Нашата целосна природна и холистичка програма за рехабилитација од дрога помогна значителен број луѓе низ светот да ја добијат борбата со дрога и да водат подобри животи. Контактирајте со нас уште денес.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА