Канабисот е “повеќе штетен од алкохолот” за тинејџерските мозоци

канабис

Тинејџерите кои користат канабис предизвикуваат долготрајна штета на нивните мозоци кои се развиваат, сугерира нова канадска студија.

Утврдено е дека влијанието врз способноста за размислување, меморијата и однесувањето е полошо од онаа на тинејџерите кои што пијат.

Истражувачите, од Универзитетот во Монтреал, ги повикале тинејџерите да ја одложат употребата на канабис онолку долго колку што се чувствувале способни.

Студијата следи и тестира 3.800 адолесценти во текот на четири години, почнувајќи од околу 13 години.

Пиењето алкохол и земањето дроги, како што е канабисот, во рана возраст е познато дека предизвикуваат проблеми со когнитивните способности, како што се учење, внимание и одлучување, како и академските перформанси на училиште.

Оваа студија покажа дека овие проблеми се зголемуваат со зголемување на употребата на канабис - и ефектите биле трајни, за разлика од оние на алкохолот.

Тинејџерите, од 31 различни канадски училишта, дадоа детали за нивните навики за пиење и за пиење еднаш годишно.

Нивните вештини на мозокот биле тестирани секоја година во училиште, користејќи компјутерски базирани когнитивни тестови.

Мозоци во развој

Иако нивоата на употребата на канабис во студијата биле ниски во споредба со употребата на алкохол, 28% од тинејџерите признале дека сé уште користат некој вид на дрога.

Ова е споредено со 75% од тинејџерите кои рекле дека пиеле алкохол барем повремено.

Професорот Патрисија Ј. Конрод, водич на студијата, од одделот за психијатрија во Монтреал, изјави дека очекувала алкохолот да има поголемо влијание врз мозокот на тинејџерите.

Marijuana

Но, наместо тоа, истражувањето открило поголемо зголемување на грешките во когнитивните тестови на тинејџерите кои користеле канабис - додека ја земале дрогата и откако престанале со неа.

Овие ефекти биле забележани во работната меморија, расудувањето и нивната способност да го контролираат нивното однесување.

“Нивниот мозок се уште се развива, но канабисот се меша во тоа”, рече професорот Конрод.

“Тие треба да ја одложат нивната употреба на канабис колку што можат.”

Таа, исто така, рече дека наодите ја истакнуваат важноста на програмите за превенција од дрога.

Се смета дека канабисот е најшироко употребуваната нелегална дрога во Велика Британија.

Тој може да предизвика зависност и се покажа дека го зголемува ризикот од развој на психотични болести, особено кај адолесцентите.

Откажувањето на канабис може да доведе до симптоми на повлекување, како што се проблеми со спиењето и промени во расположението, велат експертите.

Студијата е објавена во Американскиот Весник за Психијатрија.


Ако вие или некој што го познавате страда од зависност од дрога, контактирајте го Narconon Balkan. Нaшата целосна природна и холистичка програма за рехабилитација од дрога помогна значителен број луѓе низ светот да ја добијат борбата со дрога и да водат подобри животи. Контактирајте со нас уште денес.


Извор:

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА