Дрогата им е лесно достапна на младите, а во училиштата дрогите се сеуште табу-тема

Во училиштата не се зборува доволно за дрогите и нивните последици. На учениците, а особено средношколците им се неопходни повеќе програми и кампањи за да се запознаат повеќе со дрогите и нивните последици и за да можат да донесат свој став околу штетноста на дрогите и да донесат одлука дали ќе користат—ова се дел од заклучоците што беа донесени од истражувањето на Софка Хаџијевска, доктор по правни науки. На темата „Превентивен систем за спречување на зависноста од дроги“ таа истражуваше од повеќе аспекти и доби интригантни одговори.

Хаџијевска ја работела темата под менторство на академик проф.д-р Владо Камбовски, на Факултетот за правни науки „Јустинијан Прима“ во Скопје. Еден од поважните заклучоци на истражувањето е тоа дека досегашните кампањи, програми и стратегии за превенција се покажале неефикасни, бидејќи дрогата сè уште постои, а бројот на нови корисници на дроги постојано се зголемува.

Дрогата е лесно достапна

Централно место во истражувањата имаат учениците од основните и средните училишта во Скопје. Беа вклучени 465 деца од петто одделение до четврта година средно, како и 200 студенти од државни и приватни универзитети. Биле консултирани и лица кои користат дроги вклучени во програмите за третман и лица кои користат дроги, а се наоѓаат во казнено-поправни установи. Хаџијевска спровела и неколку интервјуа со лица кои непосредно се занимаваат со оваа проблематика, како и со свештени лица од манастирот „Св. Јован Бигорски“ и со новинари кои исто така се дел од севкупниот систем за превенција од дроги.

За пошироката јавност зависноста од дроги сè уште претставува табу-тема, родителите стравуваат дека нивните деца може лесно да дојдат во контакт со дрогата, што впрочем и оди во прилог на тврдењата од учениците и студентите дека дрогите се лесно односно, делумно лесно достапни за нив, а наставниците, пак, имаат делумни познавања за дрогите, па врз основа на тоа и делумно може да препознаат корисник на дроги помеѓу своите ученици—вели Хаџиjевска.

Narconon Balkan

Учениците сметаат дека нивните наставници имаат доволно познавања за дрогите и нивните последици, па оттука и се отвора дилема зошто ако наставниците имаат познавања за дрогите, не зборуваат за нив со своите ученици, односно на што се должи ваквиот т.н. игнорантски однос кон оваа секојдневна проблематика, ако се има предвид дека училиштето е место каде што учениците поминуваат најмногу време и претставува основа за понатамошен развој на младата индивидуа—прашува Хаџијевска.

11% од младите користат опојни дроги, и тоа повеќе припадниците на посилниот пол, покажа истражувањето на тема „Злоупотреба на опојни дроги“, кое го спроведоа студентите од прва година на Правниот факултет и Медиумски студии и односи со јавностa на Универзитетот „Гоце Делчев“—Штип.

„Изненадува тоа што оние со најнизок социјален статус во споредба со лицата со среден и висок социјален статус повеќе користат опојни дроги. Најчесто употребувана е марихуаната, но исто така има и злоупотреба на лекови за смирување. Според испитаниците во истражувањето, места на кои најмногу се употребува дрога се музички фестивали, ноќни клубови и изолирани места“, изјави Ангела Димовска, студентка на Правниот факултет.

Narconon Balkan

Во истражувањето беа опфатени 405 студенти и средношколци од Источниот Регион. Според Сања Стојчевска, која исто така учествуваше во реализирањето на истражувањето, високи 40 % од испитаниците велат дека се информирани за штетното дејство на опојните дроги, но и дека е многу лесен пристапот до нив, а само 1 % од студентите сметаат дека пристапот до дрогите е тежок:

Во нашето истражување заклучивме дека во поголем дел студентите во однос на средношколците имаат пристап до дроги, а за штетното дејство се информираат најмногу преку презентации и обуки, медиуми, интернет, комуникација со родителите, семејството, а најмалку информации добиваат од матичните лекари. Направивме и паралела со истото истражување во 2015 г. и дојдовме до заклучок дека бројот на корисници на опојните дроги е зголемен, а се зголемува бројот на случаи на употреба на потешки дроги…“

Интересно е и што органите на прогонот за навремено откривање на илегалното производство и трговија и самите тврдат дека се делумно обучени и својата работа ја оценуваат со оценка 3.

Недостигаат предавања и дебати во гимназиите

Кога станува збор за организирањето обуки, семинари и работилници каде што се обработувале теми поврзани со штетните дејства на дрогите и превенцијата од нивното користење од страна на наставниците за нивните ученици, интересно е дека поголем дел од испитаните наставници рекле дека немале организирано такви предавања.


Ако вие или некој што го познавате страда од зависност од дрога, контактирајте го Narconon Balkan. Нивната целосна природна и холистичка програма за рехабилитација од дрога помогна значителен број луѓе низ светот да ја добијат борбата со дрога и да водат подобри животи. Контактирајте со нив уште денес.


Извор:

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА