Дури и само една доза хероин може да иницира зависност кај едно лице

Хероинот е забранета дрога што создава огромна зависност. Милиони зависници низ светот што го користат хероинот не се во состојба да ја совладаат потребата од земање на истиот во секојдневниот живот. Тие знаат дека ако престанат ќе мора да се соочат со ужасот што следува при откажувањето.

Хероинот (исто како и опиумот и морфиумот) се прави од сокот на афионот. Најпрво од мешунката на цветот што личи на млечен сок. Потоа овој опиум се рафинира за да се направи морфиум, а потоа понатаму се рафинира за да се добијат најразлични форми на хероин.

Хероинот најчесто се инјектира, што претставува додатен ризик за корисниците да добијат ХИВ или некои други инфекции како додаток на постојаната болка што ја имаат од зависноста.

Во неговата најчиста форма хероинот е префинет, бел прав. Но почесто се сретнува во розеникаво сива, кафена или црна боја. Бојата доаѓа од додатоците што се користат за да го разредат, како шеќер, кофеин или други супстанци. Уличниот хероин понекогаш се разблажува со стрихнин или други отрови. Разните додатоци не се разредуваат целостно и кога се инјектираат во телото можат да ги затнат крвните садови кои водат до белите дробови, бубрезите или мозокот. Ова само по себе може да доведе до инфекција или до уништување на виталните органи.

Корисникот кој купува хероин од улица никогаш не ја знае висниската јачина на дрогата во тоа посебно пакетче. Затоа корисниците се постојано изложени на ризикот да се предозираат. Тој може да се инјектира, пуши или шмрка. Првиот пат ко се зема дрогата на корисникот му создава чувство како да лета (т.н. хај). Лицето може да се почувствува екстровертирано, способно да комуницира лесно со другите и може да искуси сензација на засилена сексуална изведба – но не за долго.

Хероинот создава голема зависност, а одвикнувањето е екстремно болно. Дрогата многу брзо го руши имунолошкиот систем, по што корисникот станува болежлив, слаб и ковчест и на крај доведува до смрт.

Почетните ефекти од хероинот вклучуваат изблик на чувства т.е. “наплив”. Ова често е придружено со чувство на топлина по кожата и сува уста. Понекогаш првата реакција може да вклучи и повраќање или силен јадеж по кожата.

Откако овие првични ефекти ќе избледат корисникот станува поспан неколку часа. Основните функции на телото како дишењето и пулсот се забавуваат. По неколку часа, откако ќе се намалат ефектите на дрогата, телото на зависникот почнува да има потреба од повеќе дрога. Доколку не добие уште една доза тој ќе започне да ги доживува симптомите на одвикнувањето. Одвикнувањето вклучува екстремни физички и ментални симптоми што се доживуваат доколку во телото повторно не се внерсе следната доза хероин. Симптомите на одвикнување вклучуваат немир, болки во коските, диареја, повраќање и сериозни тегоби.

Интензивното чувство на хај, коешто го бара корисникот, трае само неколку минути. Откако редовно ќе почене да ја користи тој ќе има потреба од зголемување на нејзиното количество само за да се чувствува “нормално”.

Последиците врз телото од постојаното користење на оваа дрога се уништувачки. Честите инјектирања можат да предизвикаат спласнати вени и можат да доведат до инфекции на крвните садови и срцеви залистоци. Како последица на општата лоша состојба на телото може да се појави туберкулоза. Артритисот е упте една долготрајна последица на зависноста од хероин.


Извор:


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА