Мојата борба со зависноста

жена
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
 

Кога прв пат пробав хероин си помислив „ова е тоа што ми требаше, ова е тоа што го барав цел живот,“ но незнаев дека во тој момент почнав да танцувам со ѓаволот. На почетокот пеколот изгледаше прекрасно несто. Немав грижи, немав тежини, немав проблеми со моите родители, се сакав се уште себе си. Хероинот ми го овозможување сето она што ми фалеше... или само така си мислев... Илузијата на совршена реалност траеше многу кратко. После неколку месеци се соочив со првите кризи, пробав од дома да се тргнам од хероинот. Тоа беше почетокот на мојата борба со него која траеше скоро 10 години. Истовремено почнаа и проблемите, растеше недоворбата кај моите, лошо друштво, криминал, насилство, чуство на страв, гнев, бес и омраза. Целосно се променив како личност, бев себична, користољубива, преокупирана само како да дојдам до дрога. Не го сакав одразот во огледалото, имав празен поглед во кој се отсликуваше мојата внатрешна празнина. Ова е вистинската слика за мојата зависност и период од мојот живот. Пробував на повеќе начини да се тргнам од хероинот, пробав со метадон, бубронофин, психолози, психијатри, блокатори, кетамиснки инфузии, разни детокс програми, но за многу кратко пак се враќав на хероинот. Заминав во странство на една програма, таму се оттргнав од хероинот но се навлеков на кокаин. После толку многу обиди да се ивзлечам бев многу разочарана, тотално се одделив од реалноста, почнав да имам параноја ми се случуваа нереални настани и размислував да си го одземам животот. Мислев нема назад веќе, дека дното веќе ми допрено.

И се јавив на мајка ми и и реков дека со мене е толку, јас полудев, ги гледав скалите на галеријата и размислував да се обесам. Мајка ми тогаш ми кажа дека постои Нарконон центар во Македонија и да пробам уште еднаш ако сум волна. Си помислив немам што да ја изгубам веќе ајде да го пробам уште тоа.

„За прв пат почуствував дека има луѓе што ме разбираат и што сакаат да ми помогнат.“

Аплицирав да се запишам на програмата, бев примена. Уште од првиот чекор давав се од себе да се променам, додека пак персоналот беше тука цело време да ми помогне, да ме мотивира, пооветува и да излезам на правиот пат. За прв пат почуствував дека има луѓе што ме разбираат и што сакаат да ми помогнат. На програмата од темел се променив, стекнав здрави навики, се здобив со работна етика и комуникациски вештини. Повторно се смеам, после толку обиди се уште не ми се верува, повторно го сакам животот со сите негови предизвици и ја стекнав способноста да се соочам со сите проблеми и да уживам во него. Се пронајдов и се прифатив себе си. Мојата фамилија како повторно да оживеа со мене и мојата промена. Пред една година размислував да си го одземам животот, а денес со полни гради го живеам секој ден благодарение на Нарконон програмата и луѓето што ја спроведуваат.

ЖИВОТОТ БИЛ УБАВ!

М.К., студент на Нарконон програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА