Нов начин на размислување

Narconon Balkan
(Слика од JaviJ/Shutterstock.com)
 

Некогаш бев спортист и супер добра личност. Тежнеев кон големи успеси и работев секојдневно на мали чекори за да ги остварам моите спортски сонови. Имав интегритет и важев за стабилен и ментално силен човек кој беше спортски пример во општеството. Без да приметам влегов во групи кои деструктивно се однесуваа “продаваа дроги и крадеа”. Поминав неколку години во заблуда дека јас не сум лош човек и дека само сакам да се дрогирам со мои пари а јас ги возев со кола и им обозможував криминалот полесно да се развива. Несвесно со толку многу дроги во моето тело и ум директно му наштетив на општеството и му створив 4 нови зависници на хероин како што мене ме створија пред 9 години. Одлучив и дојдов во Нарконон, го напуштив криминалот на улицата и станав член на група која е во директен судир со општеството и му испраќа здраворазумни личности кои го разбираат универзумот.

„Се чувствувам витален и ниту една пара неможе да ми го купи мојот спокој што го имам сега.“

Секојдневно работам на себе и во група која меѓусебно се помага и спречува недружељубиво однесување. Член сум на група која безусловно помага во секој сегмент од животот. Се чувствувам витален и ниту една пара неможе да ми го купи мојот спокој што го имам сега. Научив дека секогаш можеш да дадеш повеќе од себе, нов начин на размислување и наскоро се враќам во околина полна со добрина и хумор. Голема благодарност до Нарконон Балкан за секој момент поминат таму!

М.Л. студент во Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА