Единствената моја желба која што ја посакувам

Секоја година се повеќе и повеќе се испревртува и влошува состојбата на нашето општество, каде што секојдневно вистинските вредности избледуваат и се надополнуваат со материјални вредности. Луѓето се повеќе целат кон материјални работи, а ги забораваат вистинските вредности за кои вреди наутро да се разбудиме.

зависноста

Од овде потекнува и ситуацијата во нашето општество каде што младите се повеќе се базираат кон материјални работи кои сакаат брзо да ги стекнат и од овде потекнува целиот криминал кој што се случува наоколу, живееме во општество каде што живее со полна пареа и каде што колку повеќе се цели кон заработувањето на пари толку повеќе младите луѓе се изнемоштени.

За да го задржат истото темпо и да можат да заработуваат уште повеќе пари започнуваат да земаат дрога за да можат да го издржат целиот тој товар.

Премногу е жална ситуацијата во нашето општество каде што секојдневно расте бројот на млади лица кои што се зависници, секоја година се зголемува бројот на луѓе кои умреле поради прекумерното конзумирање на наркотични средства.

Јас имав огромна среќа што имаше некој покрај мене кој ми помогнаа да излезам од тој свет, но за жал немаат сите среќа како мене. Мојот драг пријател на 21 година почина поради прекумерно користење на наркотични сретства и е многу жално што еден млад живот згасна поради влијанието на наркотичните сретства. Ситуацијата во нашето општество е премногу алармантна и треба да се потрудиме премногу за се ова да се промени.

Среќна млада жена

Единствена моја желба која што ја посакувам во оваа година што доаѓа е општество со се помал број на лица зависници. Јас знам дека оваа 2018 година ќе дадам се од себе за да им помогнам на луѓето кои се борат против зависноста. Знам дека постојат и други луѓе како мене кои сакаат да им помогнат на своите блиски луѓе да го надминат овој проблем. Јас одлучив да дојдам во Нарконон и успеав да го надминам тоа, но знам дека и многу други лица ке излезат од тој темен свет и конечно ќе можат да ја видат светлата страна од животот.

Со секој спасен живот кој ке ја надмине зависноста, го спречуваме синџирот на криминалот и конечно ќе можеме да изградиме едно добро општество во кое што ќе има луѓе кои што придонесуваат и ќе можеме да изградиме посветла, подобра иднина за секој од нас.

М.Т. — Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА