Дознав како да се соочам и справам со секоја ситуација во животот

Narconon Balkan
Слика од www.shutterstock.com

Од овој курс дознав и видов некои работи како кај мене така и кај луѓето што биле околу мене, моите другари и мојата фамилија. Научив како да ги препознавам луѓето што ми требаат во мојот живот и луѓето кои не ми се потребни, затоа што претходно сум имал погрешно мислење. На тие што не ми требале сум им давал значење, а тие што не требало сум ги напаѓал, а некои работи што им сум ги правел не ги заслужиле. Исто така увидов и кај мене некои работи што сум ги правел дека не се во ред и повеќе истите нема да ги правам.

Една од најголемите работи што ги научив е дека секој пат ќе се справувам со било кој без разлика на ситуацијата, затоа што сакам да бидам причина, а не ефект за тоа што ми се случува во мојот живот.

Се справив со мојата фамилија и ги подобрив односите, им кажав дека ги почитувам и сакам, и им се извинив за глупостите што ги имам правено во животот и после тоа многу ми олесна и се осеќам прекрасно. Сфатив дека најбитно е човек да се соочи и справи со секоја ситуација што ќе му излезе во животот и од сега ќе го практикувам тоа. Ова што го дознав на овој курс ми помогна многу за да можам да ги препознаам луѓето какви се, си ги увидов своите грешки што сум ги правел, се справив и со моите најблиски што претходно не ми беше лесно да го направам и ја прекинав комуникацијата со личностите во мојот живот кои не ми посакуваат добро и се осеќам прекрасно откако го направив сето ова.

С.Ш. — Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА