Eкстремно добро се осеќам
Прв пат, откако почнав да ги работам состојбите, поминав низ многу промени. Осетив каков е товарот да си во состојба на штетност, чувствував мали бубачки како пополека ме грицкаат од внатре, бев лута на се што е околу мене. Во моментот не можев да сфатам зошто ми е така, но подоцна сфатив дека тие бубачки беа мојата напомена дека работите се менуваат.

Многу често во животот не сум знаела дека сум во штетност, а со тоа и не сум ја разбирала мојата фрустрираност и лоши емоции. Тоа најубаво го забележав сега во оваа група и научив како да се качувам по скалите на состојбите и да ги убивам тие непотребни бубачки. Како што се качував по состојбите, на секоја следна чувствувам огромно, огромно олеснување кое ги замени лошите емоции со едни прекрасни емоции кои ме исполнуваат и ми ставаат насмевка на моето лице.
Сега сум во состојба на нормално дејствување и човече екстремно добро се осеќам, припаѓам на конструктивна група и воедно нормално дејствувам во неа, ЗАКОН !
И.К. — Студент во Нарконон Балкан.
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.