Знам како да функционирам без дрога

Откако желбата за дрога е засекогаш отстранета и физичката страна од зависноста е искоренета, време е да посветиме внимание на причините поради кои лицето воопшто започнало да зема дрога.

Тоа се прави преку практични задачи кои се дел од курсевите за вештини за живеењето со чијашто помош се всадуваат животните вештини кои му се потребни на поединецот за да успее. Тоа се вештини на кои луѓето кои се борат со зависност од дрога или алкохол имаат заборавено или кои никогаш не ни ги имале. Следува приказна за успех од студент кој штотуку заврши со тој курс.

Narconon Balkan
Слика од www.pexels.com

Со пишувањето на моите штетни постапки што сум ги правел претходно во животот, дојдов до еден заклучок дека штетните постапки што сум ги правел не треба да ги повторувам повеќе во мојот живот и дека според тоа треба да си ги увидам моите грешки што ги правам во мојот живот, што не се пристојни за мене, мојот живот и луѓето околу мене. Така ќе научам да бидам претпазлив што правам и ќе можам да просперирам во животот со моите убави постапки.

Од курсевите тука сум презадоволен и дознав како еден човек може да има добар опстанок, како да напредува во животот и како да функционира без дрога понатаму во животот без да му се повторуваат истите грешки што сум ги правел во минатото.

Од Нарконон програмата за рехабилитација и од технологијата сум презадоволен, и сум многу благодарен од тоа што сега сум на ова ниво.

Ј.Н.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА