Фантастичен курс кој ке ми помогне во справување со личностите и останувањето ослободен од алкохол

Со курсот “Надминување на Нестабилноста во Животот “се стекнав со практично знаење кое ќе биде исклучително корисно во мојот живот.

Успеав да го систематизирам своето знаење со што сега ми е потполно јасно зошто одредени личности во мојот живот ми биле подраги од други.

Идентификувањето на Антисоцијалните личности е многу важно.

Тоа го заклучив по завршените анализи на личностите во мојот живот, со идентификување на антисоцијална личност, која под превезот на добар пријател играше многу голема улога во мојата деструкција.

Сега таа личност е шкртната од мојот живот.

Со справувањето со личностите научив, но уште и поважно испраксирав добра комуникација со луѓето.

Тоа што го научив го употребив уште во првата прилика на комуникацијата со личност која што не е во Нарконон; подигнување UP-Tone, давање на потврди со што го зголемив емотивното ниво на таа личност и на крај разговаравме за проблемот.

Беше фантастично чувство да се применат сите работи кои ги научив во таа комуникација.

Помеѓу луѓето не сум баш познат по давањето потврди, но познат сум по тоа дека лошо ги изразувам или не ги изразувам моите чувства.

Сватив дека многу сум грешел тука.

Буквално сите личности со кои се справував се збунија од моите зборови.

Дури и дознав дека сум бил идол на мојот помал брат, нешто што го немав ниту намирисано претходно.

Сепак сметам дека најкорисната работа што ќе ја понесам од овој курс се идентификувањето на антисоцијалните активности и карактеристики.

Тоа во огромна мерка ќе ми помогне да ги задржам личностите кои можат да ми помогнат околу мене.

Па дури и во професионалниот живот ќе бидам способен да ги да ги идентификувам социјалните и антисоцијалните карактеристики и да знам како да се справувам со тие личности.

Сауната и објективите беа исклучителни бидејќи го прочистуваат телото и духот, но “Надминувањето на Нестабилноста во Животот“ е фантастичен дел од програмата кој многу ќе помогне во останувањето на состојбата на ослободен од алкохол.

Г.Н.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА