Феникс

Narconon Balkan
(Слика од OTOBOR/Shutterstock.com)
 

Денес и предходните денови да бидам искрен беа премногу напорни за мене. Испишувајки ги моите штетни постапки кои сум ги направил увидов дека голема штета имам направено во општеството, но истовремено ги откривав работите во мојот карактер и суетата како да не ми дозволуваше да ги променам и да се променам. Многу од работите што ги имам направено најпрво ми се направени мене и наместо да се изборам против злото јас сум се здружил со уште поголем ѓавол и на истите тие луѓе од општеството сум им направил многу поголема штета од колку тие мене. Сфаќам дека сега минатото е зад мене и сите карактеристики ми се променети, сега се почитувам себеси и тоа што го правам, па за возврат очекувам само добро. 

Мојот простор ќе се гради со квалитетни луѓе а се останато го оставам во лавиринтот на животот. Го сакам ова општеството и спремен сум да му придонесам на истото затоа што се воздигнав до небото како феникс.

М.Л. студент на Нарконон програмата


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА