Го сакам животот и сакам да уживам во него

Objectives објективите

Конечно се чувствувам слободен. Толку долго време, десетици години наидував и налетував на недоразбирање и неверување од страна на другите, од страна на моите родители и другари. Незнам дали се плашеле, дали биле несигурни и затоа верувале во мене и во моите идеи, јас сум бил тој што не требало да седам во такво ограничуваење или поточно кажано во тој затвор.

Сега едно нешто знам, секогаш кога ќе верувам во некоја моја идеја која што би можела да ми донесе напредок и со која би ги уверил другите дека сум во право, нема да престанам се додека не најдам начин како да го постигнам истото. Сега сум сведок како некој друг ужива во остварување на такви идеи. Некои работи ги разбирам, сум гледал многу далеку а во тоа време за другите тоа звучело и изгледало нереално. Сега луѓето гледаат како моите идеи навистина биле одлични и добитни.


Нешто што заклучив во оваа објектив вежба е дека моето мислење сум го чувал често во мене, а најмногу кога требало да корегирам некого или нешто (нешто што ме иритирало или ми сметало). Мислењето или тоа што требало да го кажам сум го чувал во мене и тоа ми предизвикало многу нервози и немири. Не сум се изразувал заради тоа што не сум сакал да предизвикам лутина и лошо чувство кај другите, но така сум пател јас и сум се нервирал самиот себе поради туѓ неразум.

„Се чувствувавм добро, смирен, исполнет со љубов кон мене и кон се што ме опкружува. Го сакам животот и сакам да уживам во него.“

Од сега па натаму кон сите луѓе со кои што живеам и го поминуваме животот заедно ќе го искажувам моето мислење без разлика на исходот и мислењето од другата страна. Така ќе се чувствувам послободен. Секако претходно само немир си создавав во мене и не решавав ништо, и гледам дека тоа било една причина повеќе да се интровертирам. Се чувствувавм добро, смирен, исполнет со љубов кон мене и кон се што ме опкружува. Го сакам животот и сакам да уживам во него.

Се присетив и гледам дека објектите и предметите околу мене не ми значат ништо, како да се безвредни. Јас не сум можел навистина да видам и да прецизирам колку навистина вредат сите тие работи околу мене, и веројатно сум ги потценувал многу.

Сум мислел дека немам ништо, но кога ќе погледнам подобро, навистина имам се што е потребно. Поседувам работи кои што би можел да ги употребам за да имам и да направам уште повеќе.

Во состојбата во која бев пред да дојдам во Нарконон Балкан ништо материјално не ме задоволуваше, мојата алчност немаше крај никогаш, и никојпат не се почувствував задоволен. Но кога ќе видам сега проблемот било во моето токсично, бесчувствително тело и во мојот заматен ум.

Од сега па натаму поинаку ќе ги ценам работите околу мене и се што поседувам.

Студент на Нарконон Балкан – Р.С.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА