Предизвици кои ме прават појака личност

Студент
Photo by Nicole Geri on Unsplash
 

Преубаво е чувството кога сè ми станува навистина реално. Ги имав изгубено чувствата и не се сакав самата себе, а не па членовите од моето семејство. Сега сум потполно сигурна дека тоа што треба тоа и го правам т.е. го правам тоа што навистина го сакам. 

Пресреќена сум што мојата фамилија ќе има вистинска и најдобра ќерка и сестра. Работејќи ја објектив вежбата сè ми станува реално, едноставно научив пак да се сакам самата себе, нема ништо пореално од она што навистина е така кога е природно. Сфатив дека мојот успех не ми дава да паднам ниту пак да се вознемирам поради некоја ситуација. Способна сум навистина сè да справувам и знам дека секогаш може и подобро.

Преубаво е и тоа што успеав да ги откажам и цигарите, благодарение на овие вежби и на големата поддршка од мојот брат. Како ги правам објективите, така добивам мотивација и голема намера да продолжам да не пушам цигари. Сфатив дека тоа е само непотребна навика и залудно трошење на време, наместо тоа правам нешто продуктивно и нешто што не е штетно за моето здравје и за луѓето околу мене. Се враќам полека онаа правата јас, затоа решив и цигарите да ги оставам. Сакам да ги искоренам сите лоши навики што ги имам.

Обожавам предизвици кои ме прават појака личност. Сфатив дека мора од тука да започнам да ги менувам тие навики, за кога ќе завршам да ми биде полесно и да можам да бидам добар пример за мојот брат. Преубаво е чувството кога го правиш тоа што сакаш да го правиш и стануваш тоа што сакаш да бидеш. Јас сум сигурна дека сум на вистинскиот пат.

Студент на Нарконон Балкан – Т.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА