Го сменав моето гледиште за животот

Курсот Лични Вредности ми го смена гледиштето на работите во животот за сите области. Сега знам што треба да правам понатаму а знам и да носам разумни одлуки. Кога дојдов тука јас не знаев што се етика и интегритет, но сега знам што значат тие, сватив колку е голема нивната вредност, а знам и како е кога еден човек води етичен живот.
Јас уште десет пати да се рехабилитирав во други центри никогаш немаше да размислам за штетните постапки што сум ги правел себеси на фамилијата, на моите блиски, а и за општеството.
Сега знам и дека животот ќе ми биде многу подобар, полесен и посреќен кога ќе го почитувам моралниот кодекс на општеството, затоа што претходно не го правев тоа, бидејќи не можев да ги видам кои се последиците кога правам нешто против законот и сакав да заработам брзи и лесни пари, но сите пари што ги заработив на тој начин се ми се врати на глава и ни еден денар не потрошив за нешто убаво туку сите пари дојоа од дрога и сите отидоа за дрога. Овој курс ми помогна многу и ми го смена концептот на размислување и премногу сум задоволен од придобивките што ги имам од него.