Неизбежно е да имам Убав и Среќен животСо
завршувањето на практичната задача од курсот

Лични Вредности се чувствувам со многу побистра глава и веќе не го чувствувам внатрешниот немир и терет што сум го имал претходно и сум го носел со години. Многу научив од овој дел на програмата и многу ми се смени погледот на животот.
Увидов дека сум водел многу нездрав и расипнички живот проследен со штетни постапки како кон самиот себе така и кон сите околу мене. Сфатив дека и за најмалите грешки треба да сум свесни и да ги справувам на време затоа што секоја таква грешка може да биде почеток на спиралата на опаѓање. Претходно не сум им давал значење на тие мали грешки и сум ги занемарувал. Многу ми значи и сум среќен што увидов, се едуцирав, а и сфатив дека ако сум етичен, чесен, морален, достоинствен и имам интегритет е неизбежно да имам убав и среќен живот, како јас така и сите околу мене.
Работејќи ја задачата од курост поминував низ тешки периоди, на моменти ми потекуваа и солзи но од сегашна гледна точка и убавото чувство кое го осетив гледам дека се исплати целиот труд за овај период.
Телесно се чувствувам како 20 години помлад со неисцрпна енергија, а умствено како 20 години повозрасен и поискусен. Фасциниран сум од технологијата и се она што го поставил Л. Рон Хабард затоа што она што го научив до сега видов дека функционира. Полн сум со емоции за самиот себе и среќен сум, затоа што сум полн со самодоверба и си се сакам самиот себе како никогаш порано.
Студент на Нарконон Балкан – Н.А.