Гордо ќе продолжам со животот

По завршување на овој курс се чувствувам многу олеснето и многу постабилно од било кога. Многу е убаво да ги познаваш вистински луѓето кои биле околу тебе, но и да знаеш во што да го насочуваш твоето внимание кога гледаш да препознаеш човек кој планираш да го пуштиш во својот живот. Знаењето кое го добив од овој курс е многу драгоцено за мене и сметам дека е многу вредно за човек на мои години.
Сепак животот токму сега ми почнува и сум презадоволна што го изучив овој курс кој ќе ми помогне да ја задржам таа стабилност што ја чувствувам сега.

Ги препознав добрите личности во мојот живот, а научив и дека секогаш треба да им давам потврда за нивните дела и шувството е неверојатно добро. Но и бев многу силна кога ги скратив токсичните луѓе од животот. Еј, се качив на моето цврсто камче, сред бурната река (која претходно ми беше омилена за престој) и не се симнувам повеќе од тоа парче стабилност, среде реката на животот кој нуди изобилие на нестабилност. Јас на моето камче ќе бидам среќна и сигурна личност и гордо ќе продолжам со животот, пронаоѓајќи ги само луѓето со камчиња, а не оние кои ме влечат со нив во реката.
И.К. — Студент во Нарконон Балкан
За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.