Имам огромни придобивки!!!!!!!!!

Пред да започнам со Нарконон Програмата имав проблем со самоконтрола. Брзо се нервирав и лесно избувнував. Бев свесен за овие мои потешкотии и очекував дека ќе ги надминам со овој дел од програмата; но она што следуваше ги надмина сите мои очекувања. Објективните вежби се навистина фантастичен дел од Нарконон Програмата. Уште од самиот почеток бев ентузијастички расположен во врска со објективите.

Уште со самиот почеток на Објективните вежби станав посмирен и порелаксиран. Во моментите кога почнував да бидам вознемирен од било која причина, успевав многу брзо да се вратам т.е. да се исконтролирам. Ова е моја нова способност која во голема мера ќе ми користи во секојдневниот живот. Дури и приметувам дека и тонот на мојот глас е намален и тоа сосема природно без никакво напрегање.

За себе отсекогаш сум верувал дека имам одличен вид, дека добро ги слушам и разбирам луѓето и дека немам никаков проблем со останантите сетила. Со правењето на објективните вежби почувствував подобрувања во овие делови и осознав работи за кои порано не сум бил во право. Така во еден момент почувствував дека видот ми е подобрен, во смисла на перцепцијата на длабочината во просторот. Го имав чувството како кога ќе купите нов телевизор и има изострена слика. И покрај тоа што физички немав никаков проблем со сетилото за допир, сепак открив дека некаде во минатото почнав да го запоставувам ова сетило. Како да не сум ги чувствувал работите кои што ги допирам. Се чувствував прекрасно кога почнав повторно да ги чувствувам предметите на допир и сензациите коишто ги примам со ова сетило. Бев радосен како мало дете со нова играчка. Во однос на слушањето заклучив дека сепак и не сум бил толку добар. Луѓето сум ги слушал , но не сум ги дослушувал и разбирал. во најголема мера тоа било резултат на мојот став дека не ме интересира што имаат да кажат другите околу мене, како последица на моето пренапумпано его и на мојата навика да проценувам за другите, односно сам да носам заклучоци во однос на тоа што сакале да ми кажат.

Едно од моите најголеми спознанија од објективните вежби е тоа дека телото и духот се одвоени. Ова не само што го осознав туку и го почувствував и тоа многу рано, на почетокот од објективите. Со ова научив дека телото понекогаш сака да превземе контрола врз самото себе. Но научив и како подобро да се справувам со тие нагони на телото и на крај како подобро да го контролирам. Тоа доведе до низа на подобрувања кај мене: несмасноста ми се подобри, можев сам да контролирам одредена активност, побрзо да ги исклучувам соматиците т.е. сите физички неудобности. Осознав и зошто понекогаш сум правел непромислени активности—телото ја имало контролата.

Научив подобро да комуницирам со околината. Дознав дека поради отсуството на физичкиот контакт со неа се послабо и послабо сум ја знаел и помалку сум бил свесен за неа, а тоа водело до моја интровертираност и последователно до помало задоволство и до зависност од алкохолот. Подоцна научив и како подобро да ја контролирам околината ( не е можна добра контрола без добро познавање на нештата што треба да се контролираат ).

Во текот на вежбите почнав подобро да се фокусирам и ориентирам. Разбрав дека многу често сум гледал во еден предмет, но сум барал нешто сосема друго. Па дури и кога предметите ми биле пред мене не сум ги забележувал бидејќи мислите ми летале на друго место. Запознавајќи ја подобро околината сега со изострен вид и вратено чувство за допир, можам подобро да се лоцирам во просторот и да се ориентирам.

Успеав да научам да не се спротивставувам на нешто кажано од некој друг. Разбрав и многу други работи кои имаат допринесено до проблеми во мојот приватен живот ( неслушање, неразбирање, одбивност, недопирање…)

Сега знам како треба да постапувам за овие проблеми да не ми се повторуваат понатаму во животот.

Доколку би можел да резимирам со неколку зборови, би кажал дека после објективните вежби се чувствувам посмирено, посамоуверено, со подобро знаење за самиот себе и за мојата околина, подобро можам да го контролирам своето тело и предметите, пофокусиран сум. Едноставно сум посреќен и би сакал ова високо емотивно ниво да го задржам и понатаму.

Знам дека ќе успеам во тоа и дека ќе останам ослободен од мојата зависност.

М.Х.—СТУДЕНТ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА