Како да им се помогне на младите да не посегнат по дроги?

Тука доаѓаме до прашањето за квалитетно минување на слободното време и до прашањето што на младите луѓе градовите им нудат како алтернатива. Треба да им се обезбедат лесно достапни простори, да се изградат игралишта, за да можат децата во градот да играат, да се дружат. Ако имаат нешто друго, некој друг мотив, нема да имаат потреба да ја пробаат дрогата.
Каква е улогата на семејството?
Родителите не смеат да ги затворат очите, мора да разберат дека е можно и нивните деца да пробаат дрога. Но тоа не е лесно. Постојат голем број деца на лекари и адвокати кои се зависници од хероин. Нивните родители во својата струка научиле нешто за зависностите од дрога. Но минуваат по три и повеќе години а децата речиси секојдневно земаат дрога и станале зависници, а родителите тоа не го забележуваат. Најчесто поради тоа што не веруваат дека тоа може да им се случи на нивните деца. Кога ним им треба толку време да откријат дека детето им станало зависник, што да се каже за оние родители кои немаат никакво предзнаење. Битно е родителите да бидат свесни дека е можно нивните деца да се зависници, особено ако бракот и семејството не функционираат како што треба.
Проблемот на злоупотребата на дрогите не се решава само со медицински модел на лекување на зависниците, туку со многу сложена општествена интервенција.

Одговорот на семејството и училиштето на појавата на злоупотреба на дрога кај децата често е паничен и осудувачки, што го отежнува разрешувањето на проблемот. Пристапот кон младиот човек што зема дрога треба да е ист како и кон секој друг болен човек, а не да се третира како криминалец. Важно е со нив да се воспостави добра комуникација, да се претворат во соработници во борба против криминалот. А тоа е можно ако се разбере нивниот проблем, ако не се навредуваат и понижуваат. Со други зборови, потребно е разбирање и стручна помош, но и голема поддршка од пријателите и од семејството.
Извор:
Извадок од брошурата “Младите и дрогата” како дел од Македонска национална акција за борба против дрогата