Како марихуаната влијае на менталното здравје?

Person feels dizzy

Марихуаната е најчесто употребуваната дрога кај младите ширум целиот свет. Во повеќето држави е докажано дека еден од три возрасни лица, некогаш во животот конзумирал марихуана. Во некои држави оваа дрога е легална и се нуди како решение за многубројни заболувања. Но како оваа дрога му влијае на менталното здравје?

Marijuana

Потенцијалните потешкотии кои ќе ги сноси еден корисник на марихуана зависат од два фактори. Првиот е возраста на лицето кое конзумира. Конзумирањето марихуана под 18 годишна возраст (додека е клучниот период за развивање на мозокот) делува така што го спречува развојот на белата маса во мозокот која се состои од аксиони. Вториот фактор е шаблонт на конзумирање на дрогата. Колку често лицето конзумира, во колкави количини и колку долго.

На корисниците на дрогата марихуана често им се случува да имаат недостаток на мотивација. Некои дури се депресивни или покажуваат други знаци на ментални заболувања. Додека оваа дрога заземаше замав во претходните 3 децении, научниците беа премногу зафатени истражувајки дали оваа дрога е лек или пак е штетна по менталното здравје. Резултатите покажаа дека конзумирањето марихуана го зголемува ризикот од хронична депресија и го зголемува ризикот од шизофренија.

Во Австралија научниците направиле анкета на 1,600 15-годишници, и уште еднаш кај истите учесници 7 години подоцна. Учесниците пополнувале прашалници поврзани со користење марихуана и симптоми на депресија и анксиозност. Резултатите покажале дека 60% од учесниците конзумирале марихуана пред 20 годишна возраст. Младите девојки кои конзумираат марихуана еднаш до два пати неделно имаат двојно поголема веројатност за разлика од они кои не конзумираат, дека подоцна ќе страдаат од депресија. Додека кај девојките кои конзумираат марихуана еднаш дневно веројатноста дека ќе страдаат од депресија е за 5 пати поголема.

Joint

Марихуаната исто така е поврзана со шизофренијата. Истражување во Шведска извршено на 50,000 војници докажало дека конзумирањето марихуана во адолесенција го зголемува ризикот за развивање на шизофренија за 30%. Се докажало и дека ризикот се зголемува како што се зголемува и количината на конзумирана марихуана.

Со помош на овие истражувања ни стана јасно дека марихуаната има негативен ефект врз менталното здравје. Некои истажувачи веруваат дека менталните последици од конзумирањето марихуана како што се тешкотии во едуцирање и неспособноста за работа предизвикуваат депресија кај корисниците на оваа дрога. Други истражувачи веруваат дека марихуаната има хемиски ефект на центарлниот нервен систем и го отежнува функционирањето на меморијата, емоциите и когнитивните ментални процеси.

Ако вие или некој што го познавате страда од зависност од дрога, контактирајте го Нарконон Балкан. Нaшата целосна природна и холистичка програма за рехабилитација од дрога помогна значителен број луѓе низ светот да ја добијат борбата со дрога и да водат подобри животи. Контактирајте со нас уште денес.


Извори:

  • Британски медицински весник Ноември 2002
  • Американски весник за психијатрија Декември 2001
  • Национален информативен центар за превенција од канабис
АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА