Конечно сум ослободен од дроги

девојка дава марихуана

Во пролетта во 2014 година за прв пат пробав марихуана. Се наоѓав во дворот од моето училиште со другари и другарки. Една другарка изваде свиткан џоинт кој претходно го спремила. Отткако го запали џоинтот забележав како таа ужива додека пуши. Ми го подаде мене, јас повлеков неколку пати и почнав да се осеќам убаво и опуштено. Истиот ден кога се вратив дома татко ми забележа дека сум под дејство на марихуана, се расправавме и после тоа јас немав земено марихуана скоро еден месец. Но подоцна почнав да барам луѓе што пушат и луѓе што продаваат марихуана. Почнав да се дружам со такви и почнав да пушам за викендите.

Како што растев така растеше и мојата зависност. Трошејки големи количини на марихуана решив и јас самиот да почнам да продавам па создадов група од повеќе луѓе. Со секој продаден џоинт јас му нанесував штета на општеството. Како што поминуваше времето мојата зависност ескалираше и во еден момент престанав да го чувствувам ефектот од марихуаната па почнав да земам амфетамин и трамадоли. Станав злобен кон луѓето околу мене и често бев параноичен. Неможејки да се соочам со тоа што постанав тежок зависник, јас упорно земав се поголеми количини на дрога и чувствував како да сум пола жив а пола мртов. Изгубив секаква контрола што сум имал врз мојот живот, се однесував непристојно и често влегував во конфликти со луѓе кои ми биле пријатели. Осетив дека не придонесувам во општеството.

„Конечно сум ослободен од дроги, гледам колку е поубав животот и колку е битно да се прават добри акции“.
среќен човек

Последниот период пред да дојдам во Нарконон никој не сакаше да има никаква комуникација со мене бидејки се зборуваше низ градот дека сум зависник. Се појавија проблеми со фамилијата и проблеми со полиција. Пробав да се оддалечам од тој начин на живот но тоа беше неуспешно, па неможејки да го издржам притисокот почнав да халуцинирам. Конечно собрав храброст и му кажав на татко ми да ме однеси негде подалеку од дома за да можам полесно да се справам со зависноста.

Сега откако сум целосно рехабилитиран станав посвесен и сваќам колу штета имам нанесено на општеството. Конечно сум ослободен од дроги, гледам колку е поубав животот и колку е битно да се прават добри акции. Имам добри цели кои едвај чекам да ги исполнам.

Студент од Нарконон – Балкан А.Ј.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА