Како да се препознае кога едно лице почнува да зема дрога

Кога едно лице почнува да користи дрога, обично има однесување кое не дава повод за загрижување кај луѓето кои се во негова близина и кои го сакаат најдоброто за него. За време на првите недели, убедено е дека станува збор само за едно искуство и дека ќе престане веднаш. Полека, полека зависноста почнува да станува дел од неговиот живот, лицето почнува да има скокови во расположението и/или во комуникацијата кои добро се изделуваат, не придава значење на својот изглед, почнува да има изгубен поглед, што и да се случи или што и да му се побара за него не е битно и почнува да има антагонистично однесување во соочувањето со луѓето кои му се драги.
Оној кој почнува да користи дрога знае дека тоа е погрешно и не сака да се дознае. За да ја одржи оваа тајна тој почнува се повеќе да се затвора во себе. Неговиот свет почнува да се исполнува со лаги: „единствениот начин“ да се осигура дека никој не знае за она што се случува во неговото постоење.
Значи, почнува да ги напушта пријателите кои ги има од секогаш, се помалку е заинтересиран за работите кои од секогаш ги правел и полека, полека ќе биде се помалку присутен во семејното окружување а изговорите можат да бидат премногу: „уморен сум“, „секогаш кажувате исти работи кои не ме интересираат“, „минувам низ период во кој сакам да бидам сам“, „се скарав со девојката“ итн. Доколку лицето посетува училиште, неговата посветеност на училиштето се намалува, почнува да ги избегнува часовите и придобивките се оскудни.
Физичките симптоми на оној кој користи дрога се манифестираат на повеќе начини

Кај лицето кое користи хашиш или марихуана, очите се зацрвенети и сјајни; постојано е се „глупава“ насмевка на своите усни; отсутно е во разговорите; има особена наклонетост кон слатките додека апетитот е мал; ќе биде многу изолиран, потопен во своите „патувања“.
Лицето кое користи хероин или морфиум, има „водени зеници“ со многу сјајни очи. Карактеристично за овие дроги е што лицето постојано се чеша на различни делови од телото. Има тенденција да заспива секогаш кога чита нешто, кога гледа телевизија или едноставно кога не прави ништо. Го губи апетитот и пие многу течности. Друг симптом, особено на почетокот на зависноста од оваа дрога е повраќањето. Оној кој користи хероин или морфиум ослабува наеднаш.
Лицето кое користи метадон, во многу случаи има тенденција да се дуе: тоа е карактеристика на хемиската дрога. Лицето се дуе, не се здебелува.
Извор: