Контролата која ја имам сега

Силуета на млада жена
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

За време на оваа објектив вежба искусив и сватив многу работи кои што ме прават среќна, задоволна и горда на себеси. Сватив дека очувот мој е навистина добар човек и се труди најмногу што можи за да го поддржува моето семејство. Тој не е воопшто крив што претходно ние сме немале добар однос, сега од кога јас не му правам повеќе проблеми можам да видам дека тој многу го сака моето семејство.

Исто така забележав колку многу сега можам да се исконтролирам пред да направам нешто. Претходно кога некој ќе направеше или ќе кажеше нешто што мене ми смета јас веднаш избувнував и му викав. Сега знам да се повлечам и да продолжам да си ја бркам мојата работа поради тоа што знам дека не е моја работа да му кажам на некого како да се однесува, поготово не на безобразен начин.

Додека ја работев оваа објектив вежба наеднаш боите во околината ми станаа посветли, сè ми изгледаше некако поживо. Во еден момент пред да завршам со вежбата забележав колку ми се има променето конструкцијата на телото откако станав мајка, целото време мислев дека сум само здебелена, но всушност и коските ми се многу поцврсти од претходно, сега гледам дека имам тело на возрасна жена а не на девојче.

Студент од Нарконон – Балкан Т.Ж.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА