Сознанија и Способности од Објективите

Young man looking at the forest

За време на оваа објектив вежба имам еден убав успех кој многу ќе ми биде корисен во иднина. Тоа е дека членовите од моето семејство повеќе не ги гледам како непријатели. Не се кријам од нив а и немам причина повеќе да го правам тоа. Не сум повеќе арогантен како што знаев да бидам во минатото и така ќе продолжам.

Осознав дека членовите од моето семејство цело време биле во право кога ми кажувале да не излегувам и да не правам глупости. Кога така ќе ми кажеа јас арогантно им возвраќав, излегував и не се враќав со денови а потоа кога ќе се вратев дома им бев лут. Тука научив и сватив зошто да не го правам тоа повеќе, сега сум сигурен дека тоа нема да се повтори поради тоа што тој живот беден веќе го завршив.

Осознав и дека порано нештата не ги завршував до крај, дури и ги заборавав. Кога по некое време ќе се сетев на нешто започнато од претходно или моите родители ќе ме потсетеа на тоа, јас се откажував и немаше да го завршам. Сваќам дека со тоа однесување јас сум бил губитник. Сега што и да започнам имам тенденции да го завршам до крај, не го заборавам и не го оставам за подоцна туку го завршувам најдобро и најбрзо што можам.

Забележав и од други гледни точки дека сум способен да ја контролирам околината. Не само со поместување на предметите туку и подот јас ќе го исчистам и на тој начин ќе го исконтролирам просторот да биде чист. Со повеќе насочување на внимание кон предметите во просторот и водење грижа за нив јас имам подобра контрола врз околината.

Студент од Нарконон – Балкан Г.З.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА