Кошмарот наречен Крек Кокаин

пушење крек кокаин

Кокаинот е хидрохлорид сол во форма на прав, додека крек кокаин е изведен од кокаин во прав со комбинирање на кокаинот со вода и друга супстанција, обично сода бикарбона (натриум бикарбонат). Откако ќе се комбинираат кокаинот и сода бикарбоната, смесата се вари и се создава цврста форма. Откако ќе се изладат и разложат на помали парчиња, овие парчиња се нарекуваат крек кокаин. Тој доаѓа во цврсти грутки или кристали кои се разликуваат по боја од бледо жолта до сива или бела боја.

Крекот се загрева и се пуши. Така е именуван затоа што прави звук на пукање или крцкав звук кога се загрева. Крекот е најмоќната форма во која се појавува кокаинот, исто така е најризичен. Тој е помеѓу 75% и 100% чист, далеку посилен повеќе опасен од обичниот кокаин.

Пушењето крек овозможува дрогата побрзо да стигне до мозокот и со тоа носи интензивно и непосредно, но многу краткотрајно дејство што трае околу петнаесет минути. И затоа што зависноста може да се развие уште побрзо ако супстанцијата се пуши наместо да се шмрка, лицето може да стане зависен дури и после првото конзумирање крек.

крек кокаин

Поради високата цена на кокаинот, веќе долго време се сметаше за „дрога на богатите“. Од друга страна, крекот се продава по цени толку ниски што дури и тинејџерите можат да си дозволат да го купат – се разбира на почетокот од зависноста. Вистината е дека кога некое лице е зависно, трошоците за дроги се во директна пропорција со зголемената количина потребна за поддршка на навиката.

Симптоми на зависност од крек

Општи симптоми

Кога некој е зависник од крек, може да започне со покажување на општи симптоми на проблем со дрога. Некои симптоми на зависност од крек вклучуваат:

  • Поминувајќи време со нови пријатели
  • Помалку заинтересираност за работи што порано ги сакале
  • Промени во расположението
  • Нервоза
  • Проблеми со спиење или спиење во необични периоди
  • Проблеми на училиште или на работаНесове
  • сно однесување и проблеми со законот

Физички знаци на зависност од крек

Покрај краткорочните несакани ефекти од употреба на крек кокаин, физичките знаци на зависност може да вклучуваат и промени во изгледот и здравјето. Некои од овие знаци вклучуваат:

  • Намален апетит
  • Умор
  • Лоша хигиена
  • Хронична кашлица
  • Крварење на нос
  • Траги од инјектирање

Однесувањето на зависниците од крек

Промените во расположението се вообичаен несакан ефект од употреба на крек. Вообичаени несакани ефекти поврзани со расположението се поврзани со еуфоријата од дејството, веднаш по употребата на дрогата. Овие знаци можат да вклучуваат:

  • Чувствуво на претерана среќа
  • Имање многу енергија
  • Зголемена внимателност од вообичаеното
  • Раздразливост
  • Параноја

Негативните, па дури и агресивни симптоми поврзани со зависност од крек кокаин, се исто така вообичаени. Лекарите сметаат дека некои симптоми на расположение може да бидат почести кај луѓе кои користат крек кокаин во споредба со оние кои користат кокаин во прав. Овие симптоми можат да вклучуваат:

  • Психотични епизоди
  • Халуцинации
  • Агресија
  • Насилство

Преведено од:

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА