Не сум верувал дека ќе успеам
Во мојот живот имав проблеми со супресии и правев некои работи со цел да се докажувам пред другите, со тоа не се ценев себеси и почнав да конзумирам марихуана. На почетокот ми беше забавно и мислев дека е нормално да се кориси марихуана. Но, јас така навлегов во кругот на дрогата. После некое време пробав екстаза на една забава, истото мислење како со марихуаната го имав и тогаш, дека не е опасно. Наредно започнав и амфетамин да користам мислејќи дека е во ред да се користи поради тоа што гледав доста луѓе во мојата околина како го користат. Но, со тоа навлегов уште повеќе во пеколот на дрогата.
На крај започнав да земам и кокаин и имав чувство дека сум семоќен и дека го контролирам, а вистината беше дека кокаинот ме контролираше мене и дека трчам по лажна среќа. После долго време користење кокаин на мојата фамилија им стана чудно моето однесување, почнав да пропаѓам во животот и ништо конструктивно не правев. Во таа состојба моите родители ми понудија помош, увидов дека неможам да живеам во синџири и успеав да ја зграпчам шансата.
Кога дојдов во Нарконон Балкан бев несвесен и изгубен. Специјалистите за одвикнување и супервизорите ме упатија кон чекорите кои требаше да ги правам, јас ги следев инструкциите и почнав да се менувам.
- Си го исчистив телото од токсините од дрогите и алкохолот.
- Научив правилно да комуницирам.
- Станав свесен.
- Станав чесен.
- Добив друго гледиште кон животот.
- Станав способен да се справувам со секојдневните ситуации.
- Станав спосовен да се справувам со луѓето кои ме опкружуваат.
- Научив како да ги препознавам луѓето кои се со добра а кои со лоша намера.
- Ја повратив добрата комуникација со мојата фамилија.
Исто така увидов дека една реченица ме потиснувала цело време и поради тоа не сум можел да направам многу работи и не сум си верувал самиот себеси. Никогаш не сум верувал дека ќе станам ваква личност како што сум сега.
Студент на Нарконон Балкан — Б.И.