Целосно сум спремен да управувам со својот живот

Дипломец на Нарконон Програмата – Г.З.
Дипломец на Нарконон
Програмата – Г.З.

Одлуката за доаѓање и правење на Наркон Програмата беше мојата најдобра и најправилна одлука во мојот живот. Почнувајки од чекорот за Одвикнување успеав да го нормализирам спиењето и исхраната па со тоа бев спремен да почнам со Детоксикацијата—Нов Живот. Во сауна се препородив, го исчистив телото од дрогите кои беа заробени во моето тело и се наполнав со витамини и минерали. На крајот се почувствував полн со виталност, како нов човек, телесно подобрен.

Со комуникациските вежби успеав да ги подобрам моите комуникациски вештини и способности и со тоа се подготвив за Објективите. Тоа беше еден процес кој ме врати во сегашно време и во реалноста. Секој ден дознавав по нешто ново поврзано со мене и со мојот живот и успав да ги елиминирам заробените ментални слики од минатото кои постајано ми се вртеа во умот. Го завршив овај курс преполн со придобивки, победи и нови здобиени способности кои ќе ми послужат понатаму во животот.

“Се чувствувам потполно сигурен и спремен да управувам со својот живот и да придонесувам во општеството како еден сосема нормален човек кој никогаш немал проблеми со зависности.”

Благодарение на курсот Надминување на Нестабилноста во Животот успеав да направам серија анализи на личности кои ми се блиски и успеав да се справам со нив. Дознав и како да ги распознавам личностите и многу лесно да дознаам кои се добри а кои лоши за моето здравје. Продолжив со курсот Лични Вредности и од него научив многу работи кои се клучни за една личност да функционира нормално, да живее нормален живот, да биде чесен, искрен и поштен без разлика на се. Исто така и ги изработив практичните задачи на овај курс со кои станав посвесен за моите штетни постапки од минатотно. Потоа преминав на последниот курс Менување на состојбите во животот во кој изработив план за иднината. Согледав како и колку штета имам предизвикано и најдов начини како да ја надоместам. Научив и како да излезам од непосакувана ситуација ако се најдам во иднина и како да продолжам да напредувам.

Се чувствувам потполно сигурен и спремен да управувам со својот живот и да придонесувам во општеството како еден сосема нормален човек кој никогаш немал проблеми со зависности.

Дипломец на Нарконон Програмата – Г.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА