Лошите луѓе и моите Одлуки

Лошите луѓе и моите Одлуки

Имам прекрасно чувство поради мојата моментална состојба која е толку смирена и опуштена, како никогаш порано. Се чувствувам посигурен и постабилен од кога и да било. Достигнав едно ниво што претходно не сум можел ниту на сон да го постигнам, ниту пак можев да го замислам.

Примам наредби и ги извршувам чувствувајки се удобно и опуштено, притоа сакам и имам желба да примам уште и уште нови наредби. Ова ми помага да можам да останам смирен во било која ситуација, да примам наредба и да можам да размислам и одлучам.

За време на оваа објектив вежба се сетив дека јас претходно цело време не дека случајно сум налетувал на лоши луѓе, луѓе кои ми штетат и не дека не сум можел да се дружам со добри луѓе туку јас самиот ги барав и одбирав лошите луѓе, луѓето кои што создаваат проблеми мислејки дека ќе ми биде интересно да се дружам со нив. Мајка ми ме прашуваше „како само тебе те наоѓаат таквите луѓе? Како успеваш да се најдиш во толку лоша ситуација“. Не ме наоѓале тие мене, јас ги наоѓав нив и не сум се нашол случајно таму, туку јас самиот сум сакал и одбрал да бидам таму.

Студент од Нарконон – Балкан Г.З.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА