Ми се зацврсти одлуката никогаш повеќе да не посегнам дрога

Young man walking on a snowy road

Од самиот почеток имав големи победи, почнав да функционирам како нормален човек, да јадам како што треба, ми се врати сонот, едноставно се чуствував убаво, лесно и спремен за понатаму. За време на програмата за детоксикација доживеав различни промени. Бев нервозен, не присутен со вниманието, омалаксан и кревав температура. Со голема волја и упорност ги надминав сите реакции, ми се зголеми волноста за било каква физичка активност, почнав да перцепирам повеќе работи кои никогаш порано не сум ги забележил, ми се врати бојата на лицето, ми се зголеми телесната тежина и можев да спијам мирно и спокојно.

Најголема победа од сите ми е тоа што повеќе не мислам на дрога и случки од минатото. Ми се зацврсти одлуката дека никогаш повеќе нема да посегнам по најголемото зло дрогата.

Со завршувањето на сауната се чуствував лесен, без токсини како нов човек кој никогаш не користел дроги. Почнав со наредните курсови и најпрво ми се зацврсти способноста да бидам удобно на местото во кое се наоѓам и да можам да се соочам со се што ке ми излезе на патот. Научив правилно да комуницирам и да давам потврди на убавите и корисни работи. Ми се зголеми истрајноста и намерата, сега можам да почнам циклус, да истраам во тоа и да го завршам до крај.

На објективите имав различни промени, но знаев дека и покрај сите тешкотии на крајот илегував како победник, дојдов до такви реализации што применувајки ги понатака во животот со сигурност ќе успевам и ќе напредувам, за сите тие успеси е заслужен лицето кое ми помагаше, кој со природна испорака на објективите ме доведе до сите мои победи.

Во курсот надмиување на нестабилноста ги совладив карактеристиките и сега знам кои личности заслужуват да бидат покрај мене ,а кои да ги отфрлам од животот. Си ги видов потиснувањата уште од мала возраст и научив како да се справувам.

“Навистина постанав чесен и со тоа се чуствувам многу убаво, можејки да го погледнам секого во очи без да го одбегнувам…”

Во курсот лични вредности ми се врати личниот интегритет, почнав да гледам и размислувам секоја акција што ми носи, дали добра да се направи или не. Навистина постанав чесен и со тоа се чуствувам многу убаво, можејки да го погледнам секого во очи без да го одбегнувам.

Се искачив по состојбите нагоре, ја видов мојата штетна состојба колку е лоша и неубава и никогаш повеќе нема да се повтори, бидејки функционирајки нормалнмо е најубавото нешто, бидејки само така се напредува и така се успева во животот!

Д.Т. Дипломец на Нарконон Програмата


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА