Сепак успеав!

Нарконон Програмот направи една многу голема промена кај мене.

Од првиот ден мојата состојба почна да оди кон подобро. Забележав огромни промени во моето однесување и мојот начин на размислување.

Најпрвин со ДЕТОКС ПРОГРАМАТА го исчистив моето тело од дрогите, почнав да размислувам многу почисто, добив повеќе енергија и бев подготвен да учам и да напредувам.

Вежбите за комуникација направија од мене посмирена личност, поистрајна личност во комуникацијата, ја зголемија мојата намера – секогаш да ги завршувам работите до крај и на исправниот начин.

ОБЈЕКТИВИТЕ – наредниот курс од Нарконон Програмот се случи нешто неописливо со зборови. Дури бев на овој курс се случи вистинска магија. Мојата свесност многу се зголеми, станав полн со самодоверба. Со помош на објективите успеав да ја вратам личноста којашто бев пред да почнам да користам дроги. Се се поддреди баш како што треба. Имам контрола врз мојот живот за прв пат по многу долго време. Многу сум свесен за моите постапки и јас одлучувам за мојата иднина.

Со помош на наредниот курс научив како да ги распознавам луѓето и како да се справувам со луѓето. Дознав дека е многу важно секоја комуникација која ме вознемирува е потребно да ја справам, не да ја игнорирам или да ја ставам на страна како да не се случила. Повеќе не дозволувам да ми пречат луѓето. Станав чесен човек, искрен и вистинољубив. Внимавам на моите постапки и повеќе ја немам потребата за лажење. Тоа ме прави среќен и ми дозволува да живеам живот без дроги.

Нарконон Програмот ми беше излезот од темнината, најпродуктивното нешто што го имам направено до сега.

Направи од мене среќен човек , способен човек што ја разбира смислата на животот.

Ф. Ф. - ДИПЛОМЕЦ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА