Мојата втора фамилија

Нешто повеке од четири месеци од моето завршување на Нарконон програмата, пресреќен сум што бев дел од истата. Среќен и весел сум со мојата нова состојба во која го искусувам сегашното време, веќе живеам нов живот, минатото е зад мене и не го мислам повеќе, сега сум енергичен и позитивен во сегашноста но и гладен за мојата иднина.
Многу ладнокрвно и опуштено застанувам пред моите ситуации, не се брзам повеќе и не одлучувам со моите емоции сега размислувам со мојот ум и за секоја ситуација го донесувам правилното решение. Имам алатки од програмата како да комуницирам со мојот ум и како правилно да одлучувам, свесен сум дека секој ден мојот напредок и мојот живот се подобруваат.
„Имам луѓе блиски до мојата фамилија што ја забележаа мојата промена и ми даваат потврда за тоа колку сум изменет.“
Имам луѓе блиски до мојата фамилија што ја забележаа мојата промена и ми даваат потврда за тоа колку сум изменет. Изменет затоа што не ја победив само дрогата, јас се победив самиот себе и изградив пат по кој што гордо чекорам заедно со мојата втора фамилија Нарконон Балкан.
М.Х. Дипломец на Нарконон Програмата