Можеш и ТИ!

Секој човек во животот има свои маани. И јас не бев исклучок. Една од моите најголеми маани беше инаетот. Толку силен инает што не дозволував ниеден совет да стигне до мене — дури ни од луѓето што искрено ми посакуваа добро.
Одбивав информации, одбивав помош, мислејќи дека знам сè. Но вистината беше поинаква. Секојпат кога некој ќе се обидеше да ми помогне, јас гледав закана, не подадена рака. Со текот на времето, мојот ум стана затворен – не ме интересираше ништо, ниту пак некој.
Но денес… мојот ум е отворен. Прифаќам, анализирам, учам. Земам само најдоброто од секоја информација и го претворам во чекор напред.
Секој нов ден го гледам како нова шанса – како лична цел. Станувам со намера и мотивација. Сакам да направам нешто значајно, па и најмалиот успех го славам. Кога ќе го завршам денот, знам дека сум дал максимум. Знам дека сум чекор поблиску до подобро утре.
„Ова не е само рехабилитација. Ова е будење.
Враќање кон себеси.“
Ова не е само рехабилитација. Ова е будење. Враќање кон себеси.
И секој што ќе го отвори срцето и умот – може да го направи истото.
Х.С., Студент во Нарконон Балкан