На лагата и интригите ќе им дојде крајот

Денес сфатив дека секоја една група треба да се чува, заштитува и да се помага да напредува со заедничка сила и само така групата може да функционира на највисоко ниво, со меѓусебни размени на идеи, да се почитуваат кодексите вобило која фирма, спортски клуб итн. Да не ни е во глава како да наштетиме на групата, зашто ние мислиме ако наштетиме на групата не сме наштетиле на самите себе, но се лажеме - напротив ние си наштетуваме самите себе со тоа, само што во тој момент не можеме да го сфатиме тоа, но за некое време ни се враќа таа штета како бумеранг.

Narconon Balkan

Денес пишував исто така и за некои други постапки што сум ги правел во животот и особено за тоа како сум го лажел мојот работодавец , за било какви причини само за да си отидам дома или пак воопшто да не дојдам и сега од оваа гледна точка ме фаќа срам и ми се гади од тоа што сум го правел, затоа што пред тоа месец или два јас сум се молел за работа, а кога ќе ме примеле се однесуваат добро со мене, а јас тоа сум го злоупотребувал, затоа што мислев дека откако еднаш излажав и тоа помина, мислев дека ќе излажам и втор, трет пат итн.

Но јас си наштетувам самиот на себе, прво со тоа што лажам на мојот работодавец од кој зависам осовбено во друга земја, второ губам пари, и трето колегите не ме сфаќаат повеќе сериозно и не ме гледаат како стабилна личност на која може да се потпрат.

Со такво темпо човек не може да оди далеку затоа што порано или подоцна на лагата и интригите ќе им дојде крајот.

Д.Н.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА