НЕТРПЕЛИВОСТА СЕ НАМАЛУВА

Во програмата на Нарконон се вклучени уникатни вежби кои се наречени објективи, кои му помагаат на поединецот да го тргне своето внимание од минатото и да го насочи истото кон сегашноста.Стабилноста во сегашно време е многу важен фактор при рехабилитацијата од дрога. Вниманието на човек може буквално да биде заглавено во илјадници различни моменти од минатото. Неговото однесување и неговите ставови се под влијание на таквите искуства од минатото. Со толку многу внимание насочено кон своето минато, на поединецот му останува многу малку внимание или воопшто никакво внимание за сегашноста.

Целта на објективите е да се извлече лицето од минатото и да се донесе во сегашноста, со подготвеност и способност да се соочи со животот без да прибегне кон дрога.

“ Се чувствувам фантастично. Конечно успеав да го совладам и победам еден мој недостаток кој освен штета ништо друго не ми носеше. Мојата своеглавост, секогаш да биде по мое. Никогаш не сум можела да послушам некој друг што ќе каже.

Многу сум среќна што успеав да го корегирам ова мое нетрпение а тоа ќе ми помогне многу полесно да ги совладам и останатите работи во животот.“

“ Уште еден објектив во кој открив работа за себе која што погрешно ја имам правено, а која што резултирало со проблеми. Поглед кон работите и луѓето во сегашно време и обновување на моето знаење за нив. Тврд и ригиден сум како личност ( тоа го знаев и претходно), но не верував дека сум до таа мера, што едноставно ги игнорирам работите кои се пред мене. Ова што го осознав денес ќе го применувам секој ден. Прво, за да откријам нови работи за нештата кои што ми се познати и второ како средство за да останам во реалноста и да не бидам интровертиран.“

Д.Т. / М.В. - СТУДЕНТИ ВО НАРКОНОН БАЛКАН

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА