Спремен за да продолжам понатаму

Narconon Balkan Student

Во овие последни неколку месеци доживеав една прекрасна авантура и поминав низ еден трнлив пат, малку тежок но полн со изненадувања. Некогаш бев напнат, некогаш тажен но на крајот од секоја објектив вежба бев среќен затоа што искусував победи и имав многу подобрувања кои направија да бидам горд на себе.

Од кога дојдов па досега доживеав многу промени и увидов каков човек сум бил и колку лошо дрогата влијаела на мојот ум. Во животот сум направил многу глупости воопшто не размислувајќи за последиците но сега гледам многу поинаку.

„Доживеав душевен мир“

Станав посвесен за мене и за околината, добив сила да правам добри дела и продуктивни работи, подлабоко размислувам пред да направам нешто или пред да донесам некоја одлука. Доживеав душевен мир, немам повеќе нервози и едноставно сум порадосен. Повеќе комуницирам, не мислам на дроги и не ми се воопшто потребни за да функционирам.

Сакам повеќе да помогнам и да дам придонес за општеството. Кратко кажано ми се вратија старите карактеристики и навики кои биле изгубени по патот на дрогата и сега сум спремен да продолжам понатаму во животот и никогаш повеќе да не ги изгубам.

Студент на Нарконон Балкан - Г.Т.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as Director of Promotion & Marketing at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА