Невообичаено надворешно однесување на зависниците

Кавга со родителите

Addiction

Покрај очигледното невообичаено надворешно и внатрешно однесување на зависникот, кавгите, конфликтите и прекинот на контактите со родителите се дополнителни квалитетни показатели дека нешто се случува со личноста на детето. Честопати дијалозите со родителите завршуваат со закана и обид да се примени физичка сила или вистинска сила во вид на пресметка.

Сето ова зависникот го прави поради своите лични проблеми, што се во тесна врска со дрогата и неговата зависност од неа. Тој и понатаму вешто се прикрива и сите проблеми ги префрла на општ план во секојдневниот живот што ги опкружува сите луѓе. Инаку, ваквата порака несвесно се однесува на родителите, како главни виновници за нивната состојба, во која тие се наоѓаат поради отсуството на родителите, порадни нивната незаинтересираност кога најмногу им биле потребни, со што придонеле тие да станат зависници.

Зависниците лажат, за да се оправдаат пред својата совест, сега квалитетно изменета. Ги лажат родителите, ги лазжат наставниците, ги лажат пријателите, ги лажат претставниците на законот бескруполозно, дрско и намерно со цел да ја премолчат вистинската состојба. Подоцна ваквите лаги добиваат и функционален карактер, што значи дека се ставени во функција да ја остварат својата цел – користење на дрога.

Пораката до родителите би била: Крајно време е да се вклучат во препознавањето на проблемот кај своето дете кој што се нарекува – дрога.


Прекин на школувањето

Ниедна појава не се манифестира толку драстично и толку очигледно кај ученикот – зависник како што е појавата – прекин на школувањето и напуштање на секојдневните школски активности или одговорности.

Имено кај ученикот – зависник, на почетокот успехот видно и нагло попушта, евидентно е отсуството од часовите, додека интересот за настава е целосно загубен.

Интересни се оправдувањата што ги даваат таквите ученици пред родителите: Ме мразат професорите, ме испрашуваат само мене од други книги, за мене подготвуваат специфични испитни прашања или пак: Не ми одговара училиштето, ја промашив професијата и низа други бисери својствени за нив.

Честопати ваквите искази и самите родители погрешно ги толкуваат, сваќаат и признаваат. Наместо да се консултират со професорите, со педагозите и со психолозите да ја проверат и да ја дознаат вистината за прекинот на школувањето на своето дете, родителот потклекнува под влијание на своите деца, а истовремено дозволува трагедијата што се нарекува – дрога да ја наплати својата висока цена.


Купување на дрогата

Heroin Addiction

Купувањето на дрогата во каков било облик според законот денес најстрого е забрането. Кривично одговара и оној што ја продава дрогата и оној што ја купува и што ја користи дрогата. Денес цената на дрогата е многу висока. Затоа купувањето на дрогата од страна на лицата кои потекнуваат од семејства кои материјално се добро ситуирани на почетокот не претставува некаков поголем проблем. Меѓутоа зависниците кои потекнуваат од семејства со многу полоша материјална состојба, средствата за купување дрога ги добиваат преку украдените скапоцености земени од домовите на своите пријатели, што потоа ги продаваат во бесценетост. Честа е појавата на насилство и бруталност кај зависниците, кои претставуваат извор на парични средства за купување дрога.

Исто така, деликвенцијата во вид на кражби, на џепарење или во вид на ограбување на продавници, станови и аптеки сè повеќе станува извор на пари за купување на дрога. Во последно време се јавуваат и разни форми на проституција кај женскиот и машкиот пол, што претставува уште еден дополнителен извор за добивање средства за купување дрога. Симптоматичното исчезнување на скапоцени предмети од дома, злато, накит, техничка стока и деликвентно однесување кај младите се сигурен знак дека тие илегално парите ги користат за купување дрога, особено ако се присутни и другите симптоми специфични за наркоманијата, што претставува сигурен знам дека детето станало зависник.


Извор:

  • Извадок од брошурата “Младите и дрогата” како дел од Македонска национална акција за борба против дрогата
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА