Жртви - запоставените деца

Family arguing in front of the child

Мотивите на младите луѓе кои посегнуваат по дрогата се различни: љубопитност и неспособност да ги решат конфликтните ситуации, несредена семејна состојба која предизвикува проблеми во комуникацијата. Во многу земји злоупотребата на дрогата традиционално ги погаѓа момчињата, кои многу често со конзумирањето дрога докажуваат дека го заслужиле влезот во светот на возрасните. Девојките, пак, поради големите социјални и општествени промени, се „еманципираат“ со тоа што стануваат рамноправни во грозниот свет на дрогата. Поголемиот број зависници доаѓаат од семејства во кои владее нездрава атмосвера – нема блискост и доверба, ни позитивна комуникација. Доаѓаат од семејства во кои, поради обврски и трка за пари и кариера, родителите ги запоставуваат своите деца.

Во односот кон дрогите разликуваме пет групи – во првата се оние кои никогаш не земале или нема да земат дрога, во втората група спаѓаат оние кои еднаш или двапати зеле дрога, а најчесто тоа е канабис. Тие не се задоволни од доживувањето, па не земаат повторно.

Рекреативците земаат дрога понекогаш, за време на некоја забава или за викенд и главно конзумираат канабис, екстази и алкохол.

Регуларните активно бараат дрога и ја земаат секој викенд и на секоја забавам а спремни се да најдат уште појака и подобра дрога за нив. Тие одат на училиште и имаат „нормален однос“ со родителите, а во суштина живеат „двоен живот“. Дрогата ја користат редовно и таа зазема централно место во организацијата на нивнит живот. По извесно време губат интерес за училиштето, за родителите и пријателите, лажат или негираат дека имаат проблем, тврдејќи дека можат да престанат кога сакаат. Во петтата група се зависниците – тие користат дрога за да се чувствуваат нормално а не добро, значи – без дрога не можат да живеат. Сосем губат интерес за околината, пропаѓаат здравствено и психички.

Addict shooting up

Светската здравствена организација проценува дека 15 милиони луѓе во светот земаат опојни дроги, а една третина од нив дрогата ја вшприцуваат во вена. Сè поголем е бројот на зависници кои се „боцкаат“, со што се зголемува ризикот за ширење на болестите хепатис Б и Ц и СИДА.


Извор:

  • Извадок од брошурата “Младите и дрогата” како дел од Македонска национална акција за борба против дрогата
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА