Нова Личност со Нови Цели

Silhouette of a Man looking at the rising sun on the mountains

Победите и придобивките од сите вежби кои ги правев на курсот Објективи се многубројни и огромни. Целосно се променив како личност, сите негативни мисли кои ги имав исчезнаа и ги надминав сите потешкотии со кој се сретнав па така стекнав феноменални способности и можам да се справувам со ситуации без проблем.

Станав многу по свесен за моето минато, сватив колку сум ја уништувал мојата околина, колку сум ги повредувал луѓето што ми мислеле добро. Имав за цел да бидам лош па така правев лоши работи и со тоа несвесно сум паѓал надолу. Сето ова сум го сватил и сега се гледам себеси како нова личност со други цели и други размислувања.

Исто така за време на овај курс стекнав прекрасни способности. Можам да се справам со секого со помош на комуникација, без да правам проблеми. Сега сум ориентиран и посвесен за околината и за моето тело, сега сум во подобра комуникација со луѓето околу мене. Исто така и умствено сум посмирен, имам контрола и работите можам да ги соочам па да размислам дали нешто е добро или е лошо.

Најголема победа од курсот Објективи ми е тоа што сум присутен со вниманието цело време, немам лоши мисли или мисли за минатото. Не мислам за мојот роден крај или за некои девојки што ме оставиле. Многу сум среќен што конечно сум смирен умествено и што не мислам на дроги. Едноставно сум фокусиран на мене и на мојот живот, можам да бидам нормален и да се справувам со разни ситуации без да бегам од нештото.

“Одам само напред кон остварување на моите нови цели без разлика на се.”

Одам само напред кон остварување на моите нови цели без разлика на се.

Студент од Нарконон – Балкан А.Ј.  

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА