Објективите и Сегашноста

Што се Објективите?

Narconon Objective course

Кога една личност конзумира дроги таа станува интровертирана, се фокусира на самата себе и ги насочува мислите на себе. Кога дрогите ќе се отстранат, личноста може да искуси големи физички и ментални болки. Објективите, кои се користат во текот на Нарконон Програмата помагаат личноста да се „екстровертира“, да го пренасочи вниманието кон моменталната околина. Овај процес помага една личност да се врати во сегашно време т.е. да не биде заглавена во минатото.

Дрогите знаат личноста да ја направат несвесна за околината, да му го заматат умот и вниманието да му го заглават во моментите од минатото. Сето ова има негативно влијание врз однесувањето на личноста во сегашноста. Да се разреши ова Објективите на Нарконон играат голема улога во процесот на рехабилитацијата. Имаат за цел да го пренасочуваат вниманието од болните сеќавања од минатото кон сегашноста и просторот во која личноста се наоѓа. Со помош на ова личноста станува спремана да се соочи со животот и притоа да се чувствува удобно без да има потреба да посегни по дроги.

Минатото неможе да влијае на мене

„Денес конечно почувствував дека сум сменет како личност. Толку смирено и опуштено ја работев вежбата, без потешкотија ги извршував командите и немав никакви мисли за било што друго. Ги примав и извршував командите со леснотија и волност. Исто така за време на вежбата видов дека претходно бев способен да примам наредби но не ги извршував целосно како што треба. Сега кога некој ќе ми даде наредба за чистење или за некоја работа, без колебање и без неудобност ја извршувам поради тоа што знам дека во животот мора да се придонесува и за општествоти а не само да си гледа секој за себе.

„Видов дека јас повторно си верувам на себе и сум доверлива личност. Станав одговорен и донесов една голема одлука што ќе ми смени животот. Ќе создадам фамилија поради тоа што сега се чувствувавам потполно сигурен, сега сум во добра состојба и имам способности кој ќе ми помогнат многу во животот. Се чувствувавм многу повеќе сигурен и многу посвесен. Живеам во сегашноста поради тоа што заслужив и работам напорно на тоа, а минатото е минато и неможе да влијае на мене бидејки е едноставно поминато.“

Студент од Нарконон – Балкан Г.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА