Откажувањето од дроги е тешко кога си сам…

Пред да дојдам во Нарконон бев тотален хаос…
Зависност од хероин, амфетамин, секс, зависна врска, интернет…
И згора на тоа депресија до степен секојдневните обврски да ги доживувам како аргатска работа…
Туширање – проблем. Зашто би се туширала кога за 6-7 саати ќе треба пак? За нормален човек ова е необично, ама за зависник во депресија туширањето може да стане како качување на Монт Еверест. Зашто би планинарела секој ден? Не е дека не беше лошо и вака, ама се влоши уште повеќе…
Почнав да добивам психотични епизоди по 24/7 на ден, секој ден. Ова е буквално ко да си главен лик во хорор филм. Само што не е филм.
Не можев да зборам со луѓе дека ако зборев ќе завршев у лудница (а не на рехабилитација).
Немав што да направам и живеев во пекол…
Тука во Нарконон Балкан сум 3 месеци и ги баталив овие 5 зависности. Почнав да размислувам позитивно и пооптимистички да гледам кон животот. На пример кога бев психотична приватниот живот ми беше јавен (а со тоа и сексуалниот), па ова непријатно искуство би можело да отвори врата кон порно индустрија. Шала на страна, добро е што постои место каде што проблемите со зависност се решливи, дека откажувањето од дроги е стварно тешко кога си сам…
O.A. - Студент во Нарконон Балкан